АНГЕЛКА ПЕЕВА-ЛАУРЕНЧИЌ

 

 






   
Член на ЛДП. Родена 1969 г. во Штип, РМ. Македонка. Има високо образование. Имала професионален ангажман во делот на промоцијата, односите со јавноста и маркетингот во агенцијата Идеа плус ДДБ. Добро зборува англиски. Живее во Скопје.

  

САШКО КЕДЕВ

 

 






   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден 1962 година во Штип, РМ. Македонец . Доктор на медицински науки. Лекар специјалист-кардиолог. Доцент на Медицинскиот факултет, сертифициран европски интервентен кардиолог, сертифициран интервентен кардиолог во САД. Добро знае англиски и италијански јазик. Живее во Скопје.

  

ГАЈУР САРАЧ

 

 






   
Роден 1957 г. во Гостивар, РМ. Турчин. Има завршено економски факултет. Работел како финансиски директор во државна фирма до 1990 г. Од 1990 г. работел приватно како финансиски експерт. Живее во Гостивар.

  

РАФЕТ МУМИНОВИЌ

 

 






   
Член на ДЛБМ Роден 1955 година во Пеќ, СРЈ. Бошњак. Има више образование. 16 години претставник на "Генералекспорт", Генекс, Белград. Сопственик на приватната фирма "Југомагнат". Зборува добро турски, албански и српски. Живее во Скопје.

  

ЕМИЛИЈА КОСТАДИНОВА 

 

 







   
Член на СДСМ. Родена 1951 во Струмица, РМ. Македонка. Има високо образование. Работела од 1978 г. до 1979 г. како референт по план, анализаи внатрешна контрола во ТП Илинден, Виница. Од 1980-1992 г. како раководител на финасиско-сметководскиот сектор во истото претпријатие, од 1993-1999 г раководител на финансиско-сметководскиот сектор во Плачковица Виница, од 1999 г. како рефернет по план и анализа во ЈП Македонски Шуми, од 1994 -1998 како стечаен управник во ПОС Бел камен, Виница. Добро зборува Англиски. Живее во Виница.



                                                                    

                                                              РИСТЕ БИСЛИМОВСКИ






   





Член на СДСМ и претседател на ОО на СДСМ. Роден 1949 година во с. Ростуше, Р. Македонија. Македонец. Завршил Правен факултет. Бил вработен во Министерството за здравство и во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Живее во Скопје.

  

ЈУСУФ АРИФИ

 

 






   
Член на ДУИ. Роден 1963 година во Камењане, Тетово, Р.Македонија. Албанец. Завршил Факултет на физичка култура. Работел како наставник во ОУ "Наим Фрашери" во Боговиње и во тетовската гимназија "Кирил Пејчиновиќ". Член на ДУИ од нејзиното формирање. Живее во с. Камењане, Тетовско.

  

ЈАНАЌЕ ВИТАНОВСКИ 

 

 






   

Член на СДСМ Роден 1955 година во Скопје, РМ. Македонец. Има високо образование. 1984-1986, секретар во А.Д. фабрика за градежни материјали; 1986-1990, секретар на Извршен совет - Неготино; 1991-2002, секретар на " Здружение на возачИ", Неготино. Живее во Неготино.

  

ЦВЕТАНКА ГАШОСКА 

 

 






   
Член на СДСМ Роден 1950 година во Охрид, РМ. Македонка. Има високо образование, доктор по медицина. 20 години работела во општа служба во Медицинскиот центар - Охрид и 7 години во приватна - сопствена ординација. Се служи со англиски јазик. Живее во Охрид.



     
  

ЛИЛЈАНА ИВАНОВСКА 

 

 






   
Член на ЛДП Родена 1961 година во Струмица, РМ. Македонка. Има високо образование. Архитект. Работела во ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, како технички раководител. Се служи со англиски јазик. Живее во Струмица.



     
                                                               ЕЈУП РУСТЕМИ 

 

 







   
Член на ДУИ. Роден 1968 година во с. Џепчиште-Тетово, Р. Македонија. Албанец. Завршил Природно математички факултет. Работел како професор во средно училиште во Тетово. Живее во Тетово.

  

БЛАГОРОДНА МИНГОВА КРЕПИЕВА 

 

 






   

Член на СДСМ. Родена 1950 г. во Скопје, РМ. Македонка. Инженер-технолог. Од 1974-1978 г., работела како секретар на претседателството на ГКССММ-Скопје, од 1992-2000 во претставништво на Шемоимпекс С.П.Ц. Милано, Италија, а од 2000 г. во А.Д. И- трејд доо, Скопје. Добро зборува англиски, а се служи со грчки јазик. Живее во Скопје.



     
  

ЏЕВДЕТ НАСУФИ 

 

 






   
Член на ДПА Роден 1948 година во Велешта, Струга, РМ. Албанец. Магистер на науки. Бил заменик на претседателот на Владата на Република Македонија. Добро зборува англиски јазик. Живее во с. Велешта, Струга.



 

ВЕЈСЕЛИ АБДУЛАДИ

 
  
 


     
 
   
     
      
   
Член на ПДП. Роден 1964 година во Тетово. Албанец. Филолог. Се служи со англискиот јазик. Живее во Тетово. 



 

ЃОРЃИ ОРОВЧАНЕЦ

 


  
 


     
 
   
Претседател на НА. Роден на 10 септември 1951 година во Прилеп. Mакедонец. Доктор по медицински науки - специјалист по оториноларингологија. Универзитетски професор. Беше министер за здравство и пратеник во парламентарниот состав од 2002 до 2006 година.   
   
Активности во Собранието

  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за здравство, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член

     


 

МАРЈАН ЃОРЧЕВ

 


  
 


     

 
Член на Земјоделска Народна Партија на Мекедонија. Роден 1956 година, во Кавадарци. Македонец. Дипломиран економист. Поранешен директор во АД „Македонија“ и АД „Братство“ - Скопје. Поранешен градоначалник на Кисела Вода. Поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Живее во Скопје.



 

НЕЖДЕТ МУСТАФА

 

 


 

 

Претседател на Обединета партија за еманципација. Роден 1962 година во Скопје. Ром. Професор по филозофија. Добро го познава германскиот јазик. Живее во Скопје. 


  



АДНАН ЈАШАРИ

 

  
 

 


 

  
Член на ДУИ. Роден на 29 ноември 1965 година во Дебрене, Гостивар. Албанец. Универзитетски професор. Доктор на науки.

Активности во Собранието

  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за економски прашања, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик член
  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, член



 




 ИВАН АНАСТАСОВСКИ    

 







   

Член на НСДП. Роден 1973 година во Куманово. Македонец. Доктор на науки. Универзитетски професор. Живее во Куманово.Активности во Собранието



 

ИВАНОВА ЦВЕТАНКА

 




     
 
   
     
         
Член на СДСМ. Родена 1958 година во с. Загорани, Прилеп. Македонка. Дипломиран правник. Добро ги познава рускиот, српскиот и хрватскиот јазик. Живее во Струмица.
     



 

ЈАНИ МАКРАДУЛИ

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА






 

Контакт информации:
кат II, соба бр. 67
директен тел. 3136-802, локал 121

Лични податоци

Член  и потпретседател на СДСМ, роден е на 28.03.1965 година во Битола. Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал на Електро-техничкиот факултет во Скопје, каде во 2001 година е реизбран за Постар Асистент и е раководител на лабораторија за компјутерски техники и информатика. Постдипломските студии ги започнува во Белград  и во 1994 година магистрира во Скопје. Во својата професионална кариера напишал 43 публикации и научни трудови.

Својата политичка кариера ја започнува на локалните избори 1996-2000 година, кога е избран за Советник во општина Центар. Во 1997 година е учесник на политичката школа во Фрајбург, а на дополнителните парламентарни избори во 2001-2002 година, избран е за пратеник во Собранието на РМ.На редовните избори во 2002-2006 година, повторно е избран за пратеник кога е и назначен и за Координатор на Пратеничката Група на СДСМ во Собранието на РМ. Во 2003 година, назначен е за Претседател на Комисијата за информатичка технологија во Владата на РМ, а во 2005 година е избран за член на Постојаната Комисија за соработка со Европскиот Парламент и за член на ад хок експертската Комисија на Советот на Европа за информатичко општество. На редовните парламентарни избори 2006-2008 година по трет пат е избран за пратеник во Собранието на РМ и повторно назначен за Координатор на ПГ на СДСМ, се до вонредните парламентарни избори 2008-2012 година кога е по четврти пат избран за пратеник од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и на 25.08.2008 година и избран за попретседател на Собранието на Република Македонија.

Неговото богато политичко портфолио ги содржи следниве активности:

  • 1996 - 2000 Локални избори, Советник во општина Центар, Скопје
  • 1997 Учесник на политичката школа за локална самоуправа во Фрајбург
  • 2001 – 2002 Пратеник во Собранието на Р. Македонија - дополнителни парламентарни избори
  • 2002 – избран за пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ
  • 2003 – Претседател на Комисија за информатичка технологија
  • 2005 – Член на Постојаната комисија за соработка со Европскиот Парламент
  • 2005 - Член на ад хок експертската комисија на Советот на Европа за Информатичко општество
  • 2006 - 2008 Избран за пратеник во Собранието РМ и координатор на ПГ на СДСМ
  • 2008 - Избран за пратеник во Собранието РМ, од 25 август
  • 2008 избран за потпретседател на Собранието на Р. Македонија

Активности во Собранието

  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член 

Имотна состојба:
Недвижен имот:
-Стан 109 м2, ул.„Антон Панов“ 19/8, статус: под хипотека за кредит од 30.000 евра (Комерцијална банка)
Подвижен имот:
-„Peugeot“ 407,2009 година
Акции:
-Не поседувам
Мојата сопруга не поседува подвижен и неподвижен имот и нема акции во ниту една компанија. 



 

ЗАМИР ДИКА

 

 

 




Роден 1969 година во Дебар, РМ. Албанец. Завршил Машински факултет, доктор по машински науки. Бил раководител на производство во "Депласт" Дебар. Добро го знае англискиот, а се служи со италијанскиот јазик. Живее во Дебар.



 

САШО ДОХЧЕВ

 

 

 

 

Член на СДСМ. Роден 1961 г. во Скопје, РМ. Македонец. Има завршено медицински факулет-специјалист хирург-уролог. Од 1988 г. работел во Клиниката за урологија при Клиничкиот центар во Скопје, прво како волонтер, а од 1990 г. како редовно вработен. Од 1993 г. е избран за помошник асистент на катедрата по хирургија, а од 1996 е специјалист уролог и редовен асистент. Бил шеф на одделот “Операциони Сали”. Повеќе пати бил на стручни престои, конгреси, симпозиуми во и надвор од државата. Добро зборува англиски јазик. Живее во Скопје.



 

АНА АНДОВА

 

 

 


 

Член на СДСМ Родена 1956 година во Кавадарци, РМ. Македонка. Има високо образование. Работел во "ФЕНИ индустриес", Кавадарци. Добро зборува англиски јазик. Живее во Кавадарци.



 

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ

 

 

 

 

Потпретседател на ДПА. Роден 1954 година во с. Сушиќе, Косово. Албанец. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Приштина. Работел како професор, а до изборот за пратеник и како заменик директор на гимназијата во Тетово. Еден од оснивачите и актуелен потпретседател на ДПА. Бил пратеник и потпретседател на Собранието на РМ во претходниот парламентарен состав. Живее во Тетово.



 

НЕЛКО СТОЈАНОСКИ

 


  
 


    
 
   
Член на ЛДП. Роден 1945 во с. Нерези, Струга, РМ. Македонец. Доктор на науки. 
Од 1973-1976 бил професор во средно училиште. Од 1976-2002 бил од асистент до професор во Филозофскиот факултет во Скопје. Добро зборува француски јазик. Живее во Скопје





СЛАВИЦА СТАНКОВСКА

 

 

 

 


Член на СДСМ Родена 1950 година во Куманово, РМ. Македонка. Има високо обазование Работно искуство од 26 години, од кои 1 година како времен управник во гимназијата "Гоце Делчев" во Куманово, 6 месеци како В.Д. директор, 2.5 години директор, остатокот како професор по хемија во гимназијата. Зборува доборо француски јазик. Живее во Куманово.




СЛОБОДАН ЧАШУЛЕ

 

 

 

 


 

Роден 1945 г. во Скопје, РМ. Македонец. Филолог. Бил министер за надворешни работи, републички советник, директор на НИП “Нова Македонија“ и главен уредник на “Македонско Радио“. Колумнист и уредник на “ Дневник “, дописник од Латинска Америка на УПИ и Танјуг, уредник на ТВ Скопје, основач на ТВ Скопје. Добро зборува англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Живее во Скопје.



                                                                                 

 

ЕСАД РАХИЌ



     






  
Член на СДСМ. Роден 1964 година во Скопје. Бошњак. Дипломиран правник. Добро го познава англискиот јазик, а се служи со турскиот и германскиот јазик. Живее во Скопје.



 

ТЕУТА АРИФИ

 

 

 

 

 

Член на ДУИ. Родена на 19 октомври 1969 година во Тетово. Албанка. Доктор на филолошки науки.

Активности во Собранието

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за надворешна политика, претседател
  • Комисија за култура, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член


 



 

ИСМЕТ РАМАДАНИ

 

 

 


Член на ПДП. Роден 1954 година во с. Арачиново, Скопје, РМ. Албанец. Завршил Природно - математички факултет, насока хемија. Бил професор по хемија, а потоа и директор на Гимназијата "Зеф Љуш Марку" во Скопје од 1985 до 1989 година. Се служи со англискиот јазик. Бил пратеник на ПДП во Собранието на РМ од основањето на повеќепартиското Собрание (1990 до сега). Живее во с. Арачиново,Скопје.



 

ЧЕДОМИР КРАЉЕВСКИ

 

 

 



Член на ВМРО-НП. Роден 1956 година во Куманово, Р. Македонија. Македонец. Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел во Управа за јавни приходи, во П.П. "Јурис" и како адвокат во Куманово. Бил пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во претходниот парламентарен состав. Се служи со англиски јазик. Живее во Куманово.



 

КАРОЛИНА РИСТОВА

 

 

 



РОДЕНА: 30.09.1970, Радовиш, Република Македонија;

ОБРАЗОВАНИЕ:

  • 1994 - Дипломиран правник (правосудна насока), Правен факултет-Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј;
  • 1996 (Јули-Август) - Хашка Академија за меѓународно право (меѓународно јавно право), Хаг, Холандија (уверение за посетување);
  • 1998 - (Јули -Август) - Универзитетска програма за транснационално право на Правен факулет на Универзитетот Дјук (САД) и Правен факултет на Универзитетот во Женева (Швајцарија): (уверение за положени испити: Меѓународно кривично право, Компаративно уставно право, Вовед во американското право);
  • 2000 -Магистар по меѓународно и компаративно право (со почесна деноминација"со истакнување"), Правен факултет, Универзитет Џорџтаун, Вашингтон, САД; (Магистерска теза: "Правните аспекти на проширувањето на ЕУ и Балканските држави");
  • Во тек: Магистерски студии од областа на правно-политичките и политичките науки со одобрен магистарски труд на тема: "Феминистичките теории за политиката" на Правниот факултет "Јустинијан Први", Универзитет Св. Кирил и Методиј;

ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА:

(1995-1998) - Демонстратор (1998-2002 / тековно во мирување) и помл. асистент на Правниот факултет "Јустинијан Први" на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"; Преку 15 објавени стручни и научни трудови во домашни и странски научни публикации (вклучително и од издавачката куќа Oxford University Press) во областа на научен и истражувачки интерес: меѓународно и компаративно право, право на ЕУ, правна и политичка теорија/филозофија, женски студии; Учество на над 10-ина научни и стручни семинари во земјата и странство.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА:
    Партиска кариера:

  • 992-1995: Член на Извршниот одбор на СДММ (сектор за женски прашања; меѓународна соработка);
  • 1993-1995: Член на ЦО и Претседателство на СДСМ;
  • 1998-2002: Член на ЦО на СДСМ; Член на Комисијата за меѓународна соработка на ЦО СДСМ;
  • 2002- тековно: Член на ЦО СДСМ и член на Претседателството на ЦО СДСМ (по функција);
  • 2003-тековно: В.Д. Меѓународен Секретар на СДСМ;

АНГАЖМАНИ И ФУНКЦИИ ВО ЛОКАЛНАТА И ЦЕНТРАЛНАТА ДРЖАВНА ВЛАСТ:

  • 1996- Кандидат на листата за советници за Советот на Општината К. Вода, локални избори (неизбрана);
  • 1996-2000: Надворешен член на Комисијата за статутарно-правни прашања на Советот на К.Вода (преставник на СДСМ);
  • 2000-2002: Член на Советот на Град Скопје (Претседател на Комисијата за :меѓународна соработка, член на Комисијата за правни прашања);
  • 2002-2006: Пратеник во Собранието на Р.М (пратеничка група на СДСМ; известител на пратеничката група за надворешна политика и евроинтегрции);
  • Собраниски комисии: претседател на Комисијата за европски прашања (2003-тековно); Комисија за надворешна политика (2002-тековно); Заменик-претседател на Комисијата за уставни прашања(2002-тековно); Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните (2002-2003);
  • Собраниски делегации: Член во Делегација во Интерпарламентарната Унија (2002-тековно); Потпретседател на Делегацијата за соработка со Европскиот парламент (2002-2003);

ЈАЗИЦИ: Македонски, Српски/Хрватски, Англиски, Германски (пасивно);
      



 

ЉУПЧО ЈОРДАНОВСКИ


ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 


Датум и место на раѓање:13 февруари 1953, Штип, Република Македонија

Брачен статус: Оженет, татко на три деца

Образование:

1975: Електротехнички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, дипломиран електротехнички инженер;
1976: Математички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, Катедра за применета математика;
1978: Електротехнички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, магистерски труд;
1985: Катедра за градежништво на Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД, докторска дисертација;

Академски звања:

1998 - 2003: редовен професор при Сеизмолошката опсерваторија, Институт за физика на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети. Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1995 - 1999: редовен професор на Рударско-металуршкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Штип, Република Македонија;
1992-1995: вонреден професор при Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети  Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1987- 1992: доцент при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1978 – 1987: асистент при ИЗИИС - Скопје;
1982 – 1985: асистент на Катедрата за градежништво на Универзитетот на Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија;

Професионални ангажмани:

1992 - 2001: раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј";
1978 – 1991: истражувач, Оддел за регионални сеизмички студии, ИЗИИС – Скопје;

Специјализации:

1979: Дамес анд Мооре, Лондон, Обединето кралство;
1982: Шестмесечна стипендија на УНЕСКО на Одделот за земјотресно инженерство при Катедрата за градежништво на Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД;
1996: Едномесечна обука при Кинеметрицс Инц., Пасадена, Калифорнија, САД;
Експертски и консултантски мисии:

1988: Двомесечен престој во Мексико Сити, по земјотресот во 1985 во Мичоакан (Мексико);
1987-1989: Член на националната работна група Таск Гроуп 1 (ТГ1); земјотресен каталог, изосеизмички мапи и банки на податоци за силни земјотреси;
1991: Тримесечен престој како визитинг професор на Катедрата за градежништво при Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД;
1991: Едномесечен ангажман како консултант на УНЦХС-Хабитат ИРА/90/004,
1990 Манјил (Иран);
Политички ангажмани:

1991-1995: Член на Претседателството на СДСМ;
1995-1999: Член на Централниот одбор на СДСМ;
1999- 2003: Член на Претседателството на СДСМ и на Меѓународниот комитет на СДСМ;
2002: Пратеник и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата;
2003: Претседател на Собранието на Република Македонија;

07.03.2004 - 12.05.2004: Вршител на функција Претседател на Република Македонија.
 



     
  

ХУСЕИНИ ХУСЕИНЏЕВАТ 

 

 






   
Член на ДУИ. Роден 1945 во Тетово, РМ. Албанец. Има завршено високо образование. Просветен работник со искуство од 28 години. Добро зборува француски јазик, се служи со англиски, турски и српски, а учи арапски јазик.Живее во Тетово.



     
  

БЛАГОЈ ГОЛОМЕОВ 

 

 






   
Член на ЛДП. Роден 1957 г. во Штип, РМ. Македонец. Доктор по технички науки. Работел како раководител на производство во рудникот Бучим, Радовиш, како соработник во рударскиот институт, Скопје, од 1987 вработен во Рударско-геолошкиот факултет во Штип, прво како асистент, од 1997 доцент а од 2002 вонреден професор на катедрата за минерална технологија. Добро зборува англиски, а се служи со рускиот јазик. Живее во Штип



     
  

ЃОРЃИ ТРЕНДАФИЛОВ

 

 






   
Роден 1970 година во Велес.Во 1993 година дипломирал философија на Институтот по философија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

  • 2005 година портпарол на РИШ на ВМРО-НП;
  • 2004 година пратеник во Собранието на Република Македонија;
  • 2001 - 2002 година портпарол на ВМРО;
  • 1999 - 2001 година портпарол на Министерството за одбрана;
  • Од 1990 член на ВМРО.


     
  

ГАНКА САМОИЛОВСКА ЦВЕТАНОВА

 

 






   
Член на ВМРО-ДПМНЕ Родена 1968 година во Скопје, РМ. Македонка. Магистер на науки. Работела како доцент на Факултетот за музичка уметност, директор на Македонската филхармонија и претседател на УО на фестивалот “Охридско лето”. Била министер за култура во Владата на Република Македонија, претседател на Националната комисија на УНЕСКО, претседател на паневропската интервладина организација за аудиовизуелни уметности "Еурека-аудиовизуел". Добро зборува англиски, се служи со француски, учи италијански јазик. Живее во Скопје.

 



     
  

АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ 

 

 







   
 Член на ЛДП . Роден на 26 ноември 1968 година во Скопје. Македонец. Дипломиран градежен инженер.
     
    
Активности во Собранието

  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за надворешна политика, заменик член
  • Комисија за европски прашања, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, заменик член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член


      
 

ЗОРАН КРСТЕВСКИ

 

 

 

  


 

Роден е 1960 година во Скопје. Македонец. Завршил Правен факултет во Скопје. Потпретседател на Младата демократско- прогресивна странка на Македонија. Живее во Скопје.



                                            

                                                     РАФИЗ АЛИТИ

 

 



 


Член на ДУИ. Роден 1956 година во с. Радуша. Албанец. Професор. Добро ги познава српскиот и хрватскиот јазик. Живее во с. Радуша.

    

          
     

    ИГОР ИВАНОВСКИ

     

     

     

      


     Член на СДСМ. Роден на 11 март 1977 година во Скопје. Македонец. Дипломирал на економски факултет.       
        
    Активности во Собранието

    • Комисија за надворешна политика, член
    • Комисија за европски прашања, член
    • Комисија за финансирање и буџет, заменик член
    • Комисија за образование, наука и спорт, заменик член
    • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, член
    • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
    • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, претседател
    Click