„РАЗВОЈ НА ПАРЛАМЕНТАРЕН И НЕЗАВИСЕН НАДЗОР” НА БЕЗБЕДНОСНИОТ И РАЗУЗНАВАЧКИОТ СЕКТОР

Контекст   

Во 2017 година Владата ги интензивираше напорите за евро-атлантска интеграција на земјата и ги означи реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор, како и на оние институции што имаат мандат да вршат надзор и контрола врз нив како итни и потребни за обезбедување на демократска транзиција и враќање на довербата на јавноста во институциите на државата. Како резултат на ова, ДКАФ му понуди стратешко партнерство на Парламентот што резултираше со попишување на Меморандум за соработка на 3 мај 2018 година.

Во рамките на оваа стратешка соработка, Парламентот и ДКАФ се согласија да го спроведат проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“ како дел од пошироката Програма на ДКАФ за реформа на разузнавачкиот сектор во Република Македонија 2017-2020. Оваа Програма има два дополнителни кластери на активности: јакнење на способноста на правосудството за контрола на одобрувањето и ревизија на употребата на интрузивните мерки за собирање на информации и конечно, базирано на барање од Владата, асистирање во зајакнување на мерките за внатрешните заштитни механизми и одговорност во разузнавачкиот и безбедносниот сектор. 

Цел   

Општата цел на Проектот е да го поддржи развојот на парламентарен (и независен) надзор за Парламентот да игра поефективна улога во демократското владеење на институциите во рамките на разузнавачкиот и безбедносниот сектор. 

Проектот обезбедува техничка помош, совети од експерти, преглед на нацрт законодавство, обуки/работилници, студиски посети и поддршка за процесот на уредување на заштитена просторија за состаноци во зградата на Парламентот, за употреба на двете комисии за надзор на разузнавањето. Целта е да се олесни пренесувањето на знаењето и создавање на работни услови и процедури што помагаат во изградба на парламентарна експертиза и доверба во извршувањето на разузнавачки надзор. Се очекува проектот да ги постигне следните резултати:

  • Избраните членови и службеници на комисиите за надзор врз разузнавањето да имаат зголемена свест и релевантна експертиза за да ја одржуваат отчетноста на разузнавачките служби;
  • Развој на вештини за да се пополнат празнините во знаењето и да се придонесе кон развојот на капацитети за независна анализа во рамките на комисиите;
  • Комисиите за надзор врз разузнавањето имаат зајакната способност да планираат и извршуваат ефективни активности за надзор.
За таа цел членовите на трите комисии за надзор на безбедноста и разузнавањето заеднички развија Акционен план за соработка за ангажирање на ДКАФ во оваа програма за периодот 2018-2019, каде што е дефиниран видот на подршка, одговорностите и временските рамки. Во насока на понатамошна поддршка на Парламентот во справување со процедурални барања поврзани со новата легислатива за разузнавањето, до средината на 2018 година ќе се оформи Парламентарна работа група. Работната група ќе биде поддржувана од ДКАФ. 

Донатори   

Од средината на 2018 година целосната Програма финансиски е поддржана од Кралството Холандија, Обединетото Кралство и Шведска со дополнителна подршка за финансирање од други донатори.   

ДКАФ лица за контакт

Марк Ремилард, програмски менаџер, Оперативна дивизија Југоисточна Европа, ДКАФ 
Е-пошта: 
m.remillard@dcaf.ch
Телефон:
+41 79 854 0970

Владо Ѓердовски, национално лице за врска во Парламентот, Оперативна дивизија Југоисточна Европа, ДКАФ 
Е-пошта: 
v.gjerdovski@dcaf.ch
Телефон:
+389 71 346 920

Click