Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
Е-пошта:k-delovnicki@sobranie.mk
Комисијата има претседател, осум члена и нивни заменици. Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- спроведување на Деловникот на Собранието и на деловниците на работните тела и дава мислење за разрешување на спорни прашања;
- иницијативи за изменување на Деловникот на Собранието и деловниците на работните тела;
- предлагање на донесување, односно изменување и дополнување на Деловникот на Собранието;
- извештаите на Државната изборна комисија за пратеници од листата на кандидати кои станале пратеници за остатокот од мандатот;
- основите за престанок и одземање на мандатот на пратеник и за тоа на Собранието му поднесува извештај;
- имунитетот на пратениците,
- воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се од деловнички карактер и кои се однесуваат на мандатно-имунитетните права и
- други прашања во врска со Деловникот и мандатно-имунитетните права.