Комисија за економски прашања
Е-пошта:k-ekon@sobranie.mk
Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- производство и трговија;
- минерални суровини и енергетика;
- туризам, угостителство и занаетчиство;
- надворешно-трговско работење;
- странски вложувања;
- сопственичка трансформација;
- мерки против монополска положба и монополско однесување на пазарот;
- заштита на потрошувачите;
- јавни претпријатија;
- концесии;
- статистика,
- воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на економскиот систем и
- други прашања што се однесуваат на економскиот систем.