Комисија за европски прашања
Е-пошта: kep@sobranie.mk
Комисијата има претседател, 12 члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:
- следење на спроведувањето на Националната стратегија за интеграција на Република Македонија во Европската унија и редовно го известува Собранието за нејзиното спроведување;
- следење на исполнување на обврските кои произлегуваат од договорите меѓу Република Македонија и Европската унија и остварување на програмите и другите акти на институциите на Европската унија, вклучувајќи ги и програмите за финансиска помош;
- следење и поттикнување на процесот на усогласување на законодавството на Република Македонија со законодавството на Европската унија, како и предлага мерки за унапредување на постапките за усогласување, дава мислења и предлози за активностите на другите работни тела на Собранието и го насочува нивното внимание на прашања сврзани со приемот на Република Македонија во членство во Европската унија;
- следење на активностите на Владата и органите на државната управа во врска со приемот на Република Македонија во членство во Европската унија и во врска со нив дава мислења и препораки;
- анализирање на последиците од пристапување на Република Македонија во членство во Европската унија и подготвува извештаи во врска со истите;
- редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со европската интеграција, вклучително и преку собирање информации, литература и други документи поврзани со Европската унија;
- предлагање и остварување на активности насочени кон информирање на јавноста за процесите на европската интеграција;
- соработката со соодветните комисии на другите земји и
- разгледува други прашања во врска со европската интеграција и приемот на Република Македонија во членство во Европската унија.