Комисија за финансирање и буџет
Е-пошта: k-finan@sobranie.mk
Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- системот на финансирање;
- Буџетот на Републиката;
- даноците, таксите, придонесите и други јавни давачки на граѓаните и правни лица;
- царинскиот систем;
- монетарно-кредитниот, банкарскиот и девизниот систем;
- платниот промет и ревизијата;
- заемите и кредитите;
- јавните набавки;
- системот на осигурување;
- сопственоста и други имотно-правни односи;
- стоковните резерви;
- игрите на среќа,
- воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на финансиите и буџетот и
- други прашања што се однесуваат на финансирањето.