Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање
Е-пошта: k-nadzor@sobranie.mk
Комисијата има претседател, осум члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- почитување на правата и слободите, утврдени со Уставот и закони од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање на граѓаните, претпријатијата и други правни лица;
- законитоста во спроведување на овластувањата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање од аспект на пречекорување на овластувањата, преземање неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето, спротивно на нивните права утврдени со закон;
- методите и средствата што ги користат Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти;
- материјалната, кадровската и техничката опременост на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање,
- воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор и
- други прашања што се однесуваат на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.