Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана
Е-пошта: k.namerkizaslednakomunod@sobranie.mk
Комисијата има претседател, четири члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- вршење на надзорот над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана;
- законитоста во спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана од аспект на нивна усогласеност со Законот за следење на комуникациите,
- воспоставуање на меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор,
- други прашања што се однесуваат на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана во врска со посебната истражна мерка следење на комуникациите.
Комисијата поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија во рок од два месеца по завршувањето на тековната година, за извршениот надзор над законитоста на спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.