Комисија за транспорт, врски и екологија
Е-пошта:k-transpor@sobranie.mk
Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- патниот, железничкиот, речниот, езерскиот, воздушниот, поштенско-телеграфскиот, телефонскиот и радиосообраќајот;
- жичарите и ски-лифтовите;
- системите на телекомуникации и радиодифузниот систем;
- изградбата на инвестиционите објекти во областа на траспортот и телекомуникациите;
- просторното и урбанистичкото планирање;
- уредувањето на градежното земјиште;
- станбеното и комуналното стопанисување;
- заштитата и унапредувањето на животната средина, природата, воздухот, земјата и водите од загадување;
- обезбедување услови за здрава животна средина;
- спречување на штетната бучава;
- заштитата од јонизирачко зрачење и други штетни дејства по животот и здравјето на луѓето и посебните мерки на сигурност при употреба на нуклеарна енергија,
- воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на транспортот, врските, урбанизмот и екологијата и
- други прашања што се однесуваат на транспортот, врските, урбанизмот и екологијата.