Комисија за здравство
Е-пошта:k-zdravstvo@sobranie.mk
Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- здравствената заштита на населението;
- здравственото осигурување;
- заштитата на населението од заразни болести, од штетно влијание на гасовите, јонизирачките зрачења и бучавата, загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните производи;
- заштитата од болестите на зависност и од СИДА;
- хигиенскоепидемиолошката состојба;
- производството, прометот и снабдувањето со лекови, помошните лековити средства и медицинските помагала, медицинска опрема, санитетски уреди и материјали, отрови и опојни дроги;
- санитарниот и здравствениот надзор,
- воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на здравството и
- други прашања што се однесуваат на здравството.