Законодавно-правна комисија
Е-пошта: zpk@sobranie.mk
Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- усогласеност на законите и други акти со уставот и со правниот систем, како и нивната правно-техничка обработка;
- барања за давање автентично толкување и изготвување предлози на автентично толкување на законите;
- утврдување на пречистен текст на законите и другите акти ако со закон, односно со друг акт биде овластена;
- давање исправки на грешки во објавениот текст на закон или на друг акт, врз основа на изворниот текст на усвоениот закон или друг акт на Собранието и исправки на грешки на пречистен текст на законите и на други акти,
- воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на законодавната дејност и правните системи и
- други прашања што се однесуваат на законодавната дејност и изградувањето на правниот систем во Републиката.