РАБОТНИ ТЕЛА НА СОБРАНИЕТО 

Во Собранието на Република Северна Македонија се основаат постојани работни тела за разгледување на предлози на закони и други општи акти што ги донесува Собранието, за следење на извршувањето на актите на Собранието како и за проучување и претресување на други прашања од негова надлежност. Работните тела можат да воспоставуваат меѓународна соработка во областите за кои се основани.

Претседателите, замениците на претседателите, членовите на работните тела и нивните заменици се избираат од редот на пратениците во Собранието.

Во работата на работните тела учествуваат претседателот и членовите на работното тело, а во случај на нивна спреченост за присуство на седницата на комисијата, определуваат нивен заменик од редот на замениците на членовите на комисијата. 

Како постојани работни тела на Собранието се основаат:

КОМИСИЈА ЗА УСТАВНИ ПРАШАЊА

 

Е-пошта: k-ustav@sobranie.mk 

Комисијата има претседател, шеснаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • спроведување на Уставот;
  • предлози за изменување и дополнување на Уставот;
  • начелни прашања од уставен карактер во врска со донесувањето и извршувањето на законите и другите прописи и акти,
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се од уставен карактер и
  • други прашања од уставен карактер.


претседател: Талат Џафери
заменик на претседателот:  Арта Билали-Зендели
членови: 1) Павле Трајанов
2) Фадил Зендели
3) Мартин Костовски
4) Емилија Рамбабова
5) Илија Николовски
6) Даниела Маркоска
7) Марија Ангелова
8) Антонијо Милошоски
9) Јован Јаулески
10) Лидија Петкоска
11) Гордана Сиљановска-Давкова
12) Дафина Стојаноска
13) Иван Стоилковиќ
14) Фиснике Бектеши-Шаќири
15) Сурија Рашиди
16) Абдула Салиу
заменици на членовите: 1) Миле Талевски
2) Фаница Николоска
3) Моника Зајкова
4) Мухамет Кадриов
5) Белкиса Зеќири
6) Снежана Калеска-Ванчева
7) Љатифе Шиковска
8) 
9) Никола Мицевски
10) Александар Николоски
11) Владо Мисајловски
12) Олга Лозановска
13) Дајанчо Ефтимов
14) Берат Ајдари
15) Атнан Незири
16) Елми Азири

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА

 

Е-пошта: zpk@sobranie.mk

Комисијата има претседател, четиринаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • усогласеност на законите и други акти со уставот и со правниот систем, како и нивната правно-техничка обработка; 
  • барања за давање автентично толкување и изготвување предлози на автентично толкување на законите;
  • утврдување на пречистен текст на законите и другите акти ако со закон, односно со друг акт биде овластена;
  • давање исправки на грешки во објавениот текст на закон или на друг акт, врз основа на изворниот текст на усвоениот закон или друг акт на Собранието  и исправки на грешки на пречистен текст на законите и на други акти, 
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на законодавната дејност и правните системи и
  • други прашања што се однесуваат на законодавната дејност и изградувањето на правниот систем во Републиката.

 

Претседател: Снежана Калеска-Ванчева
Заменик на претседателот: Мирослав Јовановиќ
Членови: 1. Мухамет Кадриов
2. Фаница Николоска    
3. Мартин Костовски
4. Славјанка Петровска
5. Даниела Колева
6. Јован Јаулески
7. Ели Панова
8. Мирче Аџиоски
9. Александар Велјановски
10. Миле Лефков
11. Арта Билали-Зендели
12. Бедри Фазли
13. Скендер Реџепи
14. Сафије Садики-Шаини
Заменици на членовите: 1. Илија Николовски
2. Љупчо Балкоски
3. Марија Костадинова
4. Дарко Каевски
5. Коле Чаракчиев
6. Иван Стоилковиќ
7. Игор Јанушев
8. Стојан Миланов
9. Бети Стаменкоска-Трајкоска
10. Дајанчо Ефтимов
11. Фиснике Бектеши-Шаќири
12. Рина Ајдари
13. Сурија Рашиди
14. Абдула Салиу

КОМИСИЈА ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ

 

Е-пошта: kodbrana@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

 Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • заштита на поредокот утврден со Уставот; 
  • остварување на надзорот во доменот на одбраната и безбедноста; 
  • одбрана на Републиката и цивилната заштита;           
  • соработка со колективни системи на безбедност и одбрана во кои Републиката пристапила;           
  • интеграцијата на Републиката во евроатлантските организации и односите на Републиката со тие организации; 
  • заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните загарантирани со Уставот; 
  • производство, промет, набавување, поседување и носење на оружје, делови за оружје и муниција; 
  • обезбедување на личности и објекти; 
  • државјанство; 
  • одржување на јавниот ред и мир;
  • јавните собири и јавните приредби;           
  • безбедноста  на  патниот, воздушниот, железничкиот и езерскиот сообраќај;
  • заштита од природни непогоди и епидемии;
  • пријавување и одјавување на живеалиштето и престојувалиштето;
  • премин на државните граници и движење и престој во граничниот појас;
  • движење и престој на странците;- утврдување и решавање на граничните инциденти и други повреди на државните граници,
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на одбраната и безбедноста и
  • други прашања што се однесуваат на одбраната и безбедноста.
претседател: Миле Талевски
заменик на претседателот: Илија Николовски
членови: 1) Горан Мисовски
2) Лазе Таневски
3) Павле Трајанов
4) Фадил Зендели
5) Ѓорѓија Сајкоски
6) 
7) Марија Петрушевска

8) Бојан Стојаноски
9) Иван Стоилковиќ
10) Рина Ајдари
11) Арбер Адеми
12) Абдула Салиу
заменици на членовите: 1) Славјанка Петровска
2) Соња Михаиловска
3) Даниела Николова
4) Марија Георгиевска
5) Антонијо Милошоски
6) 
7) Бране Петрушевски
8) Игор Јанушев
9) 

10) Арбана Пашоли
11) Вјолца Адеми
12) Сурија Рашиди

КОМИСИЈА ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ

 

Е-пошта: k-polsis@sobranie.mk

Комисијата има претседател, четиринаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • функционирање на политичкиот систем;
  • менување на границите на Републиката;
  • државните симболи и нивната употреба;
  • судството, адвокатурата и јавното обвинителство;
  • амнестија и помилување;
  • слобода на движењето и слобода на изборот на живеалиштето;
  • матична евиденција и заштита на личните податоци;
  • лични имиња, лични карти и патни исправи;
  • попис на населението;
  • системот на јавното информирање;
  • право на здружување на граѓаните и политичко организирање,
  • избирачко право и начин на избор на пратеници, претседателот на Република Северна Македонија, членовите на советите и градоначалниците;
  • референдум;
  • народниот правобранител;
  • Македонската православна црква како и Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и други верски заедници и религиозни групи;
  • одликувања, признанија и награди;
  • празниците на Република Северна Македонија;
  • организација на државната управа;
  • право на употреба на јазиците и писмата на заедниците;
  • гарантирање   на   заштитата  на  етничкиот,  културниот, јазичниот и верскиот идентитет на заедниците,
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на политичките системи и односите  меѓу заедниците и
  • други прашања што се однесуваат на политичкиот систем и односите меѓу заедниците.

 

Претседател: Соња Мираковска
Заменик на претседателот: Мартин Костовски
Членови: 1. Снежана Калеска-Ванчева
2. Бејџан Иљас
3. Даниела Маркоска
4. Дарко Каевски
5. Љатифе Шиковска
6. Гордана Сиљановска-Давкова
7. 
8. Лидија Петкоска
9. Дајанчо Ефтимов
10. Ели Панова
11. Љупчо Пренџов
12. Фиснике Бектеши-Шаќири
13. Бајрам Кадрија
14. Скендер Реџепи
Заменици на членовите: 1. Фадил Зендели

2. Марија Ангелова

3. Панчо Минов
4. Жаклина Лазаревска
5. Бети Рабаџиевска-Наумовска
6. Ангелинка Петкова
7. 
8. Иванка Василевска
9. Иван Стоилковиќ
10. Александар Николоски
11. Жаклина Пешевска
12. Вјолца Адеми
13. Арта Билали-Зендели 
14. Артина Ќазими

КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

 

Е-пошта: knadvpol@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • надворешната политика на Република Северна Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации;
  • политиката со која се обезбедува грижата на Републиката за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Република Северна Македонија, како и за културните, економските и социјалните права на граѓаните од Републиката во странство;
  • стапување или истапување од сојуз или заедници со други држави;
  • стапување вo членство или истапување од членство на меѓународни организации;
  • потреба од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Северна Македонија, односно за платформите на овие преговори;
  • ратификација на меѓународни договори;
  • меѓународна регулатива од областа на човековите и граѓанските права, слободи и документи на меѓународни организации и асоцијации;
  • воспоставување на парламентарна соработка на Републиката со други држави и меѓународни организации;
  • воспоставување соработка со комисиите за надворешна политика на парламентите на другите држави;        
  • иницијативи и предлози за дефинирање на стратегијата на надворешната политика на Република Македонија и 
  • други прашања што се однесуваат на надворешната политика на Република Северна Македонија.
претседател: Антонијо Милошоски
заменик на претседателот: Владо Мисајловски
членови: 1) Моника Зајкова
2) Кастриот Реџепи 
3) Лидија Тасевска
4) Бисера Костадиновска-Стојчевска
5) Соња Мираковска
6) Ане Лашкоска
7) 
8) Иванка Василевска
9) Марија Петрушевска
10) Арбер Адеми
11) Арта Билали-Зендели
12) Сафије Садики-Шаини
заменици на членовите: 1) Илија Николовски
2) Миле Талевски
3) Бастри Бајрами
4) Енес Ибрахим
5) Бејџан Иљас
6) Љупчо Димовски
7) Даниела Христова
8) Љупчо Пренџов
9) Александар Николоски
10) Арбана Пашоли
11) Мерита Колчи-Коџаџику
12) Абдула Салиу

КОМИСИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

 

Е-пошта: kep@sobranie.mk           

Комисијата има претседател, четиринаесет члена и нивни заменици. 

  Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • следење на спроведувањето на Националната стратегија за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија и редовно го известува Собранието за нејзиното спроведување;
  • следење на исполнување на обврските кои произлегуваат од договорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија и остварување на програмите и другите акти на институциите на Европската Унија, вклучувајќи ги и програмите за финансиска помош;
  • следење и поттикнување на процесот на усогласување на законодавството на Република Северна Македонија со законодавството на Европската Унија, како и предлага мерки за унапредување на постапките за усогласување, дава мислења и предлози за активностите на другите работни тела на Собранието и го насочува нивното внимание на прашања сврзани со приемот на Република Северна Македонија во членство во Европската унија;
  • следење на активностите на Владата и органите на државната управа во врска со приемот на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија и во врска со нив дава мислења и препораки;
  • анализирање на последиците од пристапување на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија и подготвува извештаи во врска со истите;
  • редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со европската интеграција, вклучително и преку собирање информации, литература и други документи поврзани со Европската Унија;
  • предлагање и остварување на активности насочени кон информирање на јавноста за процесите на европската интеграција;
  • соработката со соодветните комисии на другите земји и            
  • разгледува други прашања во врска со европската интеграција и приемот на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија.               

 

претседател: Арбер Адеми
заменик на претседателот: Арта Билали-Зендели
членови: 1) Моника Зајкова
2) Зеќир Рамчиловиќ
3) Снежана Калеска-Ванчева
4) Фаница Николоска
5) 
6) Лолита Ристова
7) Жаклина Пешевска
8) Даниела Христова
9) Марија Петрушевска
10) 
11) Антонијо Милошоски
12) Миле Лефков
13) Мерита Колчи-Коџаџику
14) Халил Снопче
заменици на членовите: 1) Илија Николовски
2) Лидија Тасевска
3) Мартин Костовски
4) Бисера Костадиновска-Стојчевска
5) Бети Рабаџиевска-Наумовска
6) Славјанка Петровска
7) Љупчо Димовски
8) Мирче Аџиоски
9) Гордана Сиљановска-Давкова
10) Игор Здравковски
11) Александар Николоски
12) Лидија Петкоска
13) Вјолца Адеми
14) Абдула Салиу

КОМИСИЈА ЗА ПРАШАЊА НА ИЗБОРИТЕ И ИМЕНУВАЊАТА

Е-пошта: k-pii@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • поднесување предлози за избор и именување, односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со закон, Деловникот или друг акт на Собранието е определено ваков предлог  да поднесува Комисијата;
  • поднесување предлози за избори и именување, односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со Уставот, закон, Деловникот или друг акт на Собранието не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
  • предлагање состав на постојаните и повремени работни тела на Собранието;
  • предлагање состав на постојаните делегации на Собранието во меѓународните парламентарни собранија и на пратеничките групи на Собранието за соработка со други парламенти;
  • предлагање  членови на управни органи и други тела во јавните претпријатија, организациите и институциите кои ги избира, односно именува Собранието ако со Уставот, закон или друг акт не е определено ваков предлог да поднесува друг орган; 
  • предлагање состав на одбори и други тела на Собранието за организирање и спроведување прослави на одделни историски настани од значење за Републиката и на други настани чие одбележување е потребно, како и за доделување на републички награди;
  • разгледување предлози на прописи за платите и за други примања на пратениците и функционерите кои ги избира или именува Собранието, како и на пратениците и функционерите на кои им престанала функцијата и во рамките на законските овластувања донесува поблиски прописи за нивно извршување;
  • донесување акти за кои е овластена од Собранието;
  • донесување поединечни решенија за платите и за други примања на пратениците и функционерите кои ги избира или именува Собранието;
  • донесување акт за одбивање 5% од платата за секој ден отсуство на пратеник кој најмалку три пати отсуствувал од седница на Собранието, односно од седница на работното тело, а за тоа не го известил претседателот на Собранието, односно на работното тело;
  • ја определува висината на надоместокот на трошоците за учество во работата на работните тела од редот на научните и стручните институции и асоцијации;
  • определување во согласност со прописите, висината на дневниците, на трошоците за одвоен живот, на надоместокот за годишен одмор, на селидбените и други трошоци;
  • давање исправки на акти што ги донесува и објавува Комисијата во „Службен весник на Република Северна Македонија",
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на изборите и именувањата и 
  • други прашања што се однесуваат на изборите и именувањата.

 

Претседател:
Заменик на претседателот: Јован Митрески
Членови: 1. Горан Мисовски
2. Диме Велковски
3. Фаница Николоска
4. Фадил Зендели
5. Мерита Колчи-Коџаџику
6. Арбен Зибери
7. Антонијо Милошоски
8. Александар Николоски
9. Дафина Стојаноска
10. Игор Јанушев
11. Никола Мицевски
12. Сурија Рашиди
Заменици-членови: 1. Моника Зајкова
2. Павле Трајанов
3. Дарко Каевски
4. Мартин Костовски
5. Берат Ајдари
6. Арта Билали-Зендели
7. Владо Мисајловски
8. Благица Ласовска
9. Ане Лашкоска
10. Марија Петрушевска
11. 
12. Хусни Исмаили

ПОСТОЈАНА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА НА ГРАЃАНИНОТ

 

Е-пошта: panketnak@sobranie.mk

Комисијата има претседател, четиринаесет члена и нивни заменици. Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • начелни прашања, предлози и мислења во врска со остварувањето на одредбите на Уставот, закони и други прописи и акти од значење за остварување и заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • укажување на потребата од донесување на закони и други прописи и акти заради поцелосна заштита на слободите и правата на граѓанинот;         
  • следење, разгледување  и анализирање на остварувањето  на ратифицираните меѓународни акти кои ја регулираат заштитата на слободите и правата на граѓанинот;         
  • разгледување на дописите на граѓаните и заземање ставови по истите;
  • соработува со научни и стручни организации од областа на заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • соработување со соодветни странски и меѓународни тела од областа на заштитата на слободите и правата на граѓанинот и
  • други прашања што се однесуваат на заштитата на слободите и правата на граѓанинот.

Комисијата не може да врши истражни или други судски функции.

Наодите на Комисијата се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции.

претседател:  Халил Снопче
заменик на претседателот:  Сурија Рашиди
членови: 1) Фадил Зендели
2) Боби Мојсоски
3) Зеќир Рамчиловиќ
4) Маја Морачанин
5) Бети Рабаџиевска-Наумовска
6) Драгица Ѓавочанова
7) Александар Велјановски
8) Иванка Василевска

9) Димитар Апасиев
10) Рашела Мизрахи
11) Ангелинка Петкова
12) Рина Ајдари
13) Исмаил Јахоски
14) Елми Азири 

заменици на членовите: 1) Лазе Таневски
2) Белкиса Зеќири
3) Марија Ангелова
4) Даниела Маркоска
5)  Коле Чаракчиев
6) Даниела Николова

7) Синиша Стојаноски
8) Велика Стојкова-Серафимовска
9) Ане Лашкоска
10) 
11) Златко Пенков
12) Фиснике Бектеши-Шаќири
13) Арбана Пашоли
14) Илире Даути

КОМИСИЈА ЗА НАДЗОР НАД РАБОТАТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ И НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

 

Е-пошта: k-nadzor@sobranie.mk

Комисијата има претседател, осум члена и нивни заменици. Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • почитување на правата и слободите утврдени со Уставот и закони од страна на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање на граѓаните и други правни лица;
  • законитоста во спроведување на овластувањата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање од аспект на пречекорување на овластувањата, преземање неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето, спротивно на нивните права утврдени со закон;
  • методите и средствата што ги користат Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти;
  • материјалната, кадровската и техничката опременост на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање;
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор и
  • други прашања што се однесуваат на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. 


претседател:  Љупчо Пренџов
заменик на претседателот:  
членови: 1) Славјанка Петровска
2) Павле Трајанов
3) Мирослав Јовановиќ
4) Бастри Бајрами
5) 
6) Александар Николоски
7) Вјолца Адеми
8) Елми Азири
 заменици на членовите: 1) Јован Митрески
2) Боби Мојсоски
3) Марија Костадинова
4) Соња Михаиловска    
5) Зоранчо Јованчев
6) Петар Ристески
7) Бајрам Кадрија
8) Артина Ќазими

КОМИСИЈА ЗА НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ


Е-пошта: k.namerkizaslednakomunod@sobranie.mk

Комисијата има претседател, четири члена и нивни заменици. Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • вршење на надзорот над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите;
  • утврдување на  законитоста на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на овластените органи (ОТА); 
  • утврдување на ефективноста на спроведувањето на посебните истражни мерки;
  • изготвува извештај за извршениот надзор; 
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор;
  • други прашања што се однесуваат на овластените органи (ОТА) за  спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Комисијата поднесува годишен извештај до Собранието на Република Северна Македонија за претходната календарска година, најдоцна до крајот на февруари во тековната година.

 

претседател:  Игор Јанушев
заменик на претседателот:  Петар Ристески
членови: 1) Славјанка Петровска
2) Бране Петрушевски
3) Артина Ќазими

4) Сафије Садики-Шаини
заменици на членовите: 1) Горан Мисовски 
2) Синиша Стојаноски
3) Бедри Фазли
4) Елми Азири

КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ

 

Е-пошта: k-finan@sobranie.mk

 Комисијата има претседател, четиринаесет члена и нивни заменици.

 Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • системот на финансирање;
  • Буџетот на Републиката;
  • даноците, таксите, придонесите и други јавни давачки на граѓаните и правни лица;
  • царинскиот систем;
  • монетарно-кредитниот, банкарскиот и девизниот систем;
  • платниот промет и ревизијата; 
  • заемите и кредитите;
  •  јавните набавки;
  • системот на осигурување;
  • сопственоста и други имотно-правни односи; 
  • стоковните резерви; 
  • игрите на среќа,   
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на финансиите и буџетот и
  • други прашања што се однесуваат на финансирањето.              
претседател:  
заменик на претседателот:  Марија Петрушевска
членови: 1) 

2) Лазе Таневски
3) Марија Георгиевска
4) Панчо Минов
5) Диме Велковски
6) Кастриот Реџепи 
7) 
8) Зоранчо Јованчев
9) Бојан Стојаноски
10) Жаклина Пешевска

11) Дафина Стојаноска
12) Арта Билали-Зендели
13) Арбер Адеми
14) Елми Азири
заменици на членовите: 1) Коле Чаракчиев
2) Даниела Маркоска
3) Бастри Бајрами
4) Лолита Ристова
5) Драгица Ѓавочанова
6) Јован Митрески
7) Бране Петрушевски
8) Игор Здравковски
9) Рашела Мизрахи
10) Љупчо Пренџов
11) Бети Стаменкоска-Трајкоска
12) Исмаил Јахоски
13) Бајрам Кадрија
14) Илире Даути

КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА

 

Е-пошта:k-ekon@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • производство и трговија; 
  • минерални суровини и енергетика; 
  • туризам, угостителство и занаетчиство; 
  • надворешно-трговско работење; 
  • странски вложувања;
  • сопственичка трансформација; 
  • мерки против монополска положба и монополско однесување на пазарот; 
  • заштита на потрошувачите; 
  • јавни претпријатија; 
  • концесии; 
  • статистика, 
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на  економскиот систем и
  • други прашања што се однесуваат на економскиот систем.                
претседател:   Диме Велковски
заменик на претседателот:  Даниела Николова
членови: 1) Лазе Таневски
2) Коле Чаракчиев
3) Панчо Минов
4) Љупчо Димовски
5) Здравко Трајанов
6) 
7) Зоранчо Јованчев
8) Рина Ајдари
9) Бедри Фазли
10) Илире Даути
заменици на членовите: 1) Боби Мојсоски
2) Марија Георгиевска  
3) Јован Митрески
4) Ели Панова

5) Стојан Миланов
6) Петар Ристески
7) Лидија Петкоска
8) Мерита Колчи-Коџаџику
9) Вјолца Адеми
10) Атнан Незири

КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

 

Е-пошта:kzemjod@sobranie.mk 

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • земјоделското земјиште, пасиштата и други природни богатства и природни сили;           
  • арондацијата, комасацијата и мелиорацијата;
  • сточарството, полјоделството, овоштарството и лозарството;
  • ловот и риболовот;
  • животинскиот и растителниот свет;
  • ветеринарно здравство и заштита на растенијата;
  • премерот и катастарот на земјиштето;
  • употребата и користењето на водите и одобрувањето на режимот на водите;  
  • хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи;  
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на земјоделството, шумарството и водостопанството и 
  • други прашања што се однесуваат на земјоделството, шумарството и водостопанството.
претседател:  Љупчо Димовски
заменик на претседателот:  Дајанчо Ефтимов
членови: 1) Панчо Минов
2) Марија Костадинова
3) Боби Мојсоски
4) Бастри Бајрами
5) Зоранчо Јованчев
6) Здравко Трајанов
7) Златко Пенков
8) Берат Ајдари
9) Бајрам Кадрија
10) Атнан Незири
заменици на членовите: 1) Даниела Колева
2) Драгица Ѓавочанова
3) Лолита Ристова
4) Диме Велковски
5) Петар Ристески
6) Јадранка Поцкова
7) Миле Лефков
8) Исмаил Јахоски
9) Бедри Фазли 
10) Халил Снопче

КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА

 

Е-пошта:ktranspor@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • патниот, железничкиот, речниот, езерскиот, воздушниот, поштенско-телеграфскиот, телефонскиот и радиосообраќајот;
  • жичарите и ски-лифтовите;
  • системите на телекомуникации и радиодифузниот систем;           
  • изградбата  на  инвестиционите објекти во областа на траспортот и телекомуникациите;
  • просторното и урбанистичкото планирање;
  • уредувањето на градежното земјиште;
  • станбеното и комуналното стопанисување;           
  • заштитата и унапредувањето на животната средина, природата, воздухот, земјата и водите од загадување;
  • обезбедување услови за здрава животна средина;
  • спречување на штетната бучава;
  • заштитата од јонизирачко зрачење и други штетни дејства по животот и здравјето на луѓето и посебните мерки на сигурност при употреба на нуклеарна енергија,
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на транспортот, врските, урбанизмот и екологијата и
  • други прашања што се однесуваат на транспортот, врските, урбанизмот и екологијата.         
претседател:  Владо Мисајловски
заменик на претседателот:  Стојан Миланов
членови: 1) Ненад Коциќ
2) Коле Чаракчиев
3) Даниела Николова
4) Љупчо Балкоски
5) Ане Лашкоска
6) Бојан Стојаноски
7) Олга Лозановска 
8) Исмаил Јахоски
9) Берат Ајдари
10) Сурија Рашиди
заменици на членовите: 1) Диме Велковски
2) Маја Морачанин
3) Дарко Каевски
4) Мирослав Јовановиќ
5) Бране Петрушевски
6) Мирче Аџиоски
7) Љупчо Пренџов
8) Арбана Пашоли
9) Арбен Зибери
10) Сафије Садики-Шаини

КОМИСИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, НАУКА И СПОРТ


Е-пошта:kobranau@sobranie.mk

Комисијата има претседател, четиринаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • системот и организацијата на предучилишното воспитување и образование, основното, средното и високото образование;
  • правото на настава на јазиците на заедниците во областа на воспитувањето и образованието;
  • системот и организацијата на научно-истражувачката дејност;
  • создавање, примена и вреднување на пронајдоците, патентите и други инвентивни активности што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид интелектуално творештво;
  • информатиката, научниот и технолошкиот развој и техничката култура;
  • организација, развој и функционирање на информациониот систем во Републиката;
  • образованието на младите,ученичкиот и студентскиот стандард;
  • поттикнување на интелектуалното, културното и  научното творештво на младите;
  • едукација за превентивна заштита на младите од болестите на зависност и од СИДА;
  • развој и унапредување на физичката култура;
  • развојот на врвниот спорт;
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на образованието, науката, младите и спортот и
  • други прашања што се однесуваат на образованието, науката, младите и спортот.

 

Претседател: Жаклина Лазаревска
Заменик на претседателот:  Лолита Ристова
Членови: 1. Бисера Костадиновска-Стојчевска

2. Дарко Каевски
3. Даниела Колева
4. Драгица Ѓавочанова
5. Кастриот Реџепи 
6. Силвана Ангелевска

7. Гордана Сиљановска-Давкова
8.  Иванка Василевска
9. Благица Ласовска
10. Игор Здравковски
11. Здравко Трајанов
12. Вјолца Адеми
13. Мерита Колчи-Коџаџику
14. Халил Снопче
Заменици на членовите: 1. Ненад Коциќ
2. Марија Костадинова
3. Зеќир Рамчиловиќ
4. Лидија Тасевска
5. Емилија Рамбабова
6. Ѓорѓија Сајкоски
7. Велика Стојкова-Серафимовска
8. Јован Јаулески
9. Миле Лефков
10. Бети Стаменкоска-Трајкоска
11. Даниела Христова
12. Фиснике Бектеши-Шаќири
13. Арбер Адеми
14. Илире Даути

КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА

 

Е-пошта:k-kultura@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • организацијата, развојот и унапредувањето на културата;
  • заштита на природното и културното наследство во Република Северна Македонија;
  • збогатување на историското и уметничкото творештво;
  • афирмирање и заштита на врвни културни вредности; 
  • афирмација и заштита на авторството и авторското право; 
  • донации и спонзорства;  
  • дејности за  заштита и користење на движно и недвижно културно богатство; 
  • издавачка дејност и библиотекарство; 
  • споменично одбележување и заштита на спомениците на културата;
  • употреба и заштита на македонскиот јазик;
  • информирање, културни и други дејности заради изразување на идентитетот и особеностите на заедниците;
  • определување годишнини на настани и личности од посебно значење за државно-правниот развој на Републиката, афирмација на историското и културното наследство и негување на општо цивилизациските вредности;
  • начинот и формите на одбележување на значајни настани и личности;                    
  • активностите на посебни одбори формирани за одделни одбележувања, 
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на културата  и         
  • други прашања што се однесуваат на културата и одбележувањето годишнини на значајни настани и личности. 
претседател:  Кастриот Реџепи
заменик на претседателот:  Зеќир Рамчиловиќ
членови: 1) Жаклина Лазаревска
2) Љупчо Балкоски
3) Енес Ибрахим
4) Бети Стаменкоска-Трајкоска
5) Ане Лашкоска
6) Даниела Христова
7) Велика Стојкова-Серафимовска
8) Бајрам Кадрија
9) Арбана Пашоли
10) Сурија Рашиди
заменици на членовите: 1) Снежана Калеска-Ванчева
2) Љатифе Шиковска
3) Соња Мираковска  
4) Иванка Василевска
5) Ѓорѓија Сајкоски
6) Игор Здравковски
7) Стојан Миланов
8) Арбен Зибери
9) Мерита Колчи-Коџаџику
10) Артина Ќазими

КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО

 

Е-пошта:k-zdravstvo@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • здравствената заштита на населението;
  • здравственото осигурување;
  • заштитата на населението од заразни болести, од штетно влијание на гасовите, јонизирачките зрачења и бучавата, загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните производи;
  • заштитата од болестите на зависност и од СИДА;
  • хигиенскоепидемиолошката состојба;           
  • производството, прометот и снабдувањето со лекови, помошните лековити средства и медицинските помагала, медицинска опрема, санитетски уреди и материјали, отрови и опојни дроги; 
  • санитарниот и здравствениот надзор, 
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на здравството и
  • други прашања што се однесуваат на здравството.
претседател:   Арбен Зибери
заменик на претседателот:  Бедри Фазли
членови: 1) Маја Морачанин
2) Бети Рабаџиевска-Наумовска
3) Ненад Коциќ
4) Соња Михаиловска
5) Петар Ристески
6) 
7) Синиша Стојаноски

8) Рашела Мизрахи
9) Берат Ајдари
10) Артина Ќазими
заменици на членовите: 1) Белкиса Зеќири
2) Бејџан Иљас

3) Мухамет Кадриов
4) Емилија Рамбабова
5) Јадранка Поцкова
6) Дафина Стојаноска
7) Олга Лозановска
8) Александар Велјановски
9) Арта Билали-Зендели
10) Хусни Исмаили

КОМИСИЈА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

 

Е-пошта:k-trud@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:        

  • работните односи и за заштитата на работниците на работа;         
  • правото на штрајк;         
  • вработување и права во случај на невработеност;         
  • заштита на жената на работа и заштита на мајчинството;         
  • платите и животниот стандард;         
  • социјалната политика и социјалната сигурност на граѓаните;         
  • системот, организацијата, развојот и унапредувањето на социјалната заштита и заштитата на децата;         
  • популационата политика, бракот и семејството;         
  • системот на пензиското и инвалидското осигурување;         
  • боречко-инвалидската заштита и заштитата на воените инвалиди и лицата прогонувани и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност; 
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на трудот и социјалната политика и         
  • други прашања што се однесуваат на трудот и социјалната политика.                  
претседател:    Хусни Исмаили
заменик на претседателот:  Скендер Реџепи
членови: 1) Жаклина Лазаревска
2) Бисера Костадиновска-Стојчевска

3) Емилија Рамбабова
4) Љатифе Шиковска
5) Илија Николовски
6) Благица Ласовска
7) Силвана Ангелевска
8) Рашела Мизрахи
9) Јадранка Поцкова
10) Ангелинка Петкова
11) Арбен Зибери
12) Вјолца Адеми
 заменици на членовите: 1) Марија Георгиевска
2) Лолита Ристова
3) Бејџан Иљас
4) Соња Михаиловска
5) Лидија Тасевска
6) Златко Пенков
7) Олга Лозановска
8) Синиша Стојаноски
9) Даниела Христова
10) Жаклина Пешевска
11) Бајрам Кадрија
12) Берат Ајдари

КОМИСИЈА ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

 

Е-пошта: k.samouprava@sobranie.mk       

Комисијата има претседател, дванаесет членови и нивни заменици.          

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • локалната самоуправа; 
  • територијалната организација на локалната самоуправа во Република Северна Македонија; 
  • следењето на развојот и мерките за унапредување на локалната самоуправа;          
  • следењето на состојбата на територијалната организација и на стандардите за големината, населението и потребите на локалната самоуправа;             
  • следењето на системот, политиката, мерките и инструментите за остварување порамномерен регионален развој;                 
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на локалната самоуправа и         
  • следење на остварувањето и користењето на средствата наменети за рамномерен регионален развој.                    
претседател:  Ане Лашкоска
заменик на претседателот:  Ѓорѓија Сајкоски
членови: 1) Ненад Коциќ
2) Мартин Костовски
3) Љупчо Балкоски
4) Мирослав Јовановиќ
5) Бастри Бајрами
6) Миле Лефков
7) Златко Пенков
8) 
9) Силвана Ангелевска
10) Исмаил Јахоски
11) Бајрам Кадрија
12) Атнан Незири
заменици на членовите: 1) Миле Талевски
2) Марија Костадинова
3) Панчо Минов
4) Фаница Николоска
5) Мухамет Кадриов
6) Александар Велјановски
7) 
8) Здравко Трајанов
9) Велика Стојкова-Серафимовска
10) Фиснике Бектеши-Шаќири
11) Мерита Колчи-Коџаџику
12) Халил Снопче

КОМИСИЈА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ

 

Е-пошта:kem@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

 Комисијата разгледува прашања што се однесуваат за:        

  • разгледување на предлозите на закони и другите прописи што ги донесува Собранието од областа на трудот и социјалната политика, образованието и здравството, семејството и грижата за децата, како и други предлози на закони и други прописи од аспект на вклученоста на родовиот концепт во нив;         
  • разгледување на предлог Националниот план за акција за еднакви можности на жените и мажите;         
  • следење  на усвојувањето и примената на основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика;         
  • следење на системот на мерки за отстранување на нееднаквиот третман на жените и мажите преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика;         
  • иницира донесување и изменување  на закони и други прописи од областа на еднаквите можности на жените и мажите;         
  • поттикнување на соработката меѓу надлежните органи за прашања кои се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите;         
  • редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со еднаквите можности на жените и мажите;         
  • соработката со соодветните комисии на другите земји  и         
  • разгледува други прашања што се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите.
претседател:  Гордана Сиљановска-Давкова
заменик на претседателот:  Бети Стаменкоска-Трајкоска
членови: 1) Моника Зајкова
2) Маја Морачанин
3) Даниела Колева
4) Марија Ангелова

5) Силвана Ангелевска

6) Рашела Мизрахи

7) Марија Петрушевска
8) Арта Билали-Зендели
9)  Фиснике Бектеши-Шаќири
10) Илире Даути
заменици на членовите: 1) Лидија Тасевска
2) Соња Михаиловска
3) Зеќир Рамчиловиќ
4) Панчо Минов
5) Лидија Петкоска
6) Ели Панова
7) Синиша Стојаноски
8) Мерита Колчи-Коџаџику
9) Арбана Пашоли
10)Сафије Садики-Шаини

КОМИСИЈА ЗА ДЕЛОВНИЧКИ И МАНДАТНО-ИМУНИТЕТНИ ПРАШАЊА

 

Е-пошта:k-delovnicki@sobranie.mk

Комисијата има претседател, осум члена и нивни заменици. Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:          

  • спроведување на Деловникот на Собранието и на деловниците на работните тела и дава мислење за разрешување на спорни прашања;           
  • иницијативи за  изменување  на  Деловникот  на  Собранието и деловниците на работните тела;        
  • предлагање на донесување, односно изменување и дополнување на Деловникот на Собранието;           
  • извештаите на Државната изборна комисија за пратеници од листата на кандидати кои станале пратеници за остатокот од мандатот;          
  • основите за престанок и одземање на мандатот на пратеник и за тоа на Собранието му поднесува извештај;           
  • имунитетот на пратениците,           
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се од деловнички карактер и кои се однесуваат на мандатно-имунитетните права и           
  • други прашања во врска со Деловникот и мандатно-имунитетните права.
претседател:  Панчо Минов
заменик на претседателот:  Дарко Каевски
членови: 1) Белкиса Зеќири
2) Марија Костадинова
3) Мухамет Кадриов
4) Игор Јанушев
5) Дајанчо Ефтимов
6) Јован Јаулески
7) Арбана Пашоли
8) Скендер Реџепи
заменици на членовите: 1) Горан Мисовски
2) Соња Мираковска
3) Даниела Маркоска
4) Никола Мицевски
5) Благица Ласовска
6) Дафина Стојаноска
7) Рина Ајдари
8) Хусни Исмаили
Click