ВМРО - Македонска


1998 - 2002



 

                                                        Мирчески Звонко

                           ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 


    
 
  
  


Член на ВМРО-Македонска. 
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Полска. 
Роден 1961 година во Прилеп, РМ. Македонец. Завршил Стоматолошки факултет, доктор по стоматолошки науки. Живее во Прилеп. 
На 13.05.2001 година е избран за потпретседател на Собранието на Република Македонија.



                                                                                                          


                                                         Ристовски Ненад
 
 


    
 
  
 

Член на ВМРО-Македонска.
     
  
   Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Кина. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Република Кина. Член на Комисијата за здравство и на Комисијата за труд и социјална политика при Собранието на РМ.
     
  
   Роден 1962 година во Куманово, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет и специјалист по општа хирургија. Работи како специјалист по хирургија во Медицинскиот центар во Куманово. Добро го знае англискиот јазик. Нема претходно пратеничко искуство. Живее во Куманово.
     



 

                                                            Симев Вангел
 
 


    
 
  
  


 Член на ВМРО-Македонска. 
 Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Полска. 
 Роден 1943 година во с. Буф, Лерин, Репблика Грција. Македонец. Завршил Факултет за физичка култура. Бил професор во Училиштето за физичка култура во Скопје. Сега е професор на Факултетот за физичка култура. Добро го знае полскиот, а се служи со рускиот јазик. Нема претходно пратеничко искуство. Живее во Скопје.
     



 

                                                        Стојменов Златко
 
 


    
 
  
  


Член на ВМРО-Македонска.
     
  
   Шеф на делегацијата на Собранието на РМ во парламентарната делегација на Централноевропската иницијатива. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Данска и Република Исланд.
     
  
   Роден 1960 година во Штип, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет, специјалист по интерни болести, доктор по медицински науки. Сопственик на приватна здравствена ординација во Штип. Се служи со англискиот јазик. Живее во Штип.



 

                                                       Тодоров Ѓорѓи 
  
 


     
 
   

 

Член на ВМРО-Македонска. 
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција. 
Роден 1958 година во Кочани, РМ. Македонец. Завршил Технички факултет, сообраќајна насока. Работел како раководител на диспечерски центар во Јавното сообраќајно претпријатие- Скопје, потпретседател за сообраќај во Градскиот комитет за урбанизам, комунално-станбени работи, сообраќај и заштита на животната средина на Град Скопје. Потпретседател на Сојузот на сообраќајните инженери на Република Македонија. Добро ги знае бугарскиот, српскиот и хрватскиот јазик. Живее во Скопје.

Click