Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

За клубот НА ПРАТЕНИЧКИ

Клубот на пратенички е неформална група во Собранието на Република Македонија составена од сите пратенички независно на која пратеничка група припаѓаат.

Клубот на пратенички е формиран на 7 март 2003 година во рамките на регионалниот проект на Пактот за стабилност - Маса за родова рамноправност, со помош на локалните партнери Македонско женско лоби, СОЖМ и Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика. Во изминатите пет години Клубот на пратенички имаше за цел да ја разгледа постојната и да предложи нова законска регулатива во областа на родовите прашања. 

МИСИЈА

Клубот на пратенички делува со заедничка и единствена цел - преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување во државата како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество. 

ПОЗНАЧАЈНИ ДОСТИГНУВАЊА

  • Со измените во Изборниот законик усвоена е законска одредба за обезбедување најмалку едно место на секои три на кандидатските изборни листи да припаѓа на помалку застапениот пол (со тоа во 2006 година избрани се 37 пратенички во Собранието на Република Македонија - 30,8%);
  • Со поддршка на Клубот на пратенички подготвен е и донесен Закон за еднакви можности на жените и мажите;
  • Со измените во Законот за здравствено осигурување поднесени од Клубот на пратенички обезбедени се бесплатни превентивни гинеколошки прегледи за рано откривање на рак на грлото на матката и рак на дојката за сите жени во Република Македонија;
  • На иницијатива на Клубот на пратенички направена е измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој се продолжи рокот за пензионирање по основ на стаж за уште две години;
  • Со поддршка на Клубот на пратенички во Законот за семејство вградена е посебна глава за заштита на жртви на семејно насилство;
  • Со измените во Законот за игри на среќа и забавни игри поднесени од Клубот на пратенички се формира посебен фонд за борба против семејно насилство;
  • Со измените на Буџетот на Република Македонија за 2008 година поднесени од Клубот на пратенички се зголеми ставката за прифатилишта за бездомни лица и жртви на семејно насилство - шелтер центри. 

КОНТАКТ

Клуб на пратенички Собрание на Република Македонија
ул. 11 Октомври 10, Скопје 
тел. 02/3213-128 
www.sobranie.mk