Средба на претседателот Вељаноски со г. Ердоган...



Четврток, 29 септември 2011 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА, Г. РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН

На самиот почеток на средбата претседателот Вељаноски искажа задовоство од средбата и се осврна на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете држави. Во оваа смисла тој искажа благодарност за доследната и конструктивна поддршка на Турција и за солидарноста со Македонија во рамките на евроатлантските интеграции, а особено за принципиелната употреба на уставното име на нашата земја во билатералните односи и на меѓународен план.

Прочитај повеќе

Протоколарни средби на ПСРМ со новоименуваните амбасадори н...



Среда, 28 септември 2011 година

ПРОТОКОЛАРНИ СРЕДБИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО НОВОИМЕНУВАНИТЕ АМБАСАДОРИ НА КАНАДА И НА РЕПУБЛИКА АЗЕРБЕЈЏАН

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада, Н.Е. Роман Вашчук, како и средба со новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Азербејџан, Н.Е. Фаиг Багхиров

Прочитај повеќе

Братислава, 28.9.2011...



Среда, 28 септември 2011 година, Братислава

Македонија треба да биде дел од Европската унија

Делегацијата на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хајрула Мисини, претседател и членовите г-ѓа Силвана Бонева, г-ца Маринела Тушева и г. Орхан Ибраими, што се наоѓа во дводневна посета на Братислава, денеска имаше средба со Делегацијата на Комисијата за европски прашања на Националниот совет на Република Словачка, предводена од претседателот на Комисијата, г. Иван Штефанец.

Прочитај повеќе

Братислава, 27.9.2011...



Вторник, 27 септември 2011 година, Братислава

Делегација на Комисијата за европски прашања во работна посета на Република Словачка

На средбата со директорот за ЕУ прашања, одговорен за Југоисточна Европа, г. Јан Пшеница, беа разменети мислења и искуства за евроинтегративните процеси на Република Македонија, од аспект на словачките искуства

Прочитај повеќе

Шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет 26.09.1...



Понеделник, 26 септември 2011 година

Шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Шестата седница  одржана на 22 септември 2011 година, како матично работно тело ги разгледа:

Прочитај повеќе

Средба на Македонската собраниска делегација во ПС СЕ со из...



Понеделник, 26 септември 2011 година

Средба на Македонската собраниска делегација во ПС СЕ, со известителот Роберт Валтер

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), денеска оствари средба со г. Роберт Валтер, известител на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа (Мониторинг комисија)

Прочитај повеќе

Изјава на претседателот Вељаноски по повод потпишувањето на...



Вторник, 20 септември 2011 година

Изјава на претседателот Вељаноски по повод потпишувањето на Меморандумот за соработка

Со големо задоволство ја продолжуваме досегашна тригодишна соработка со нашите британски пријатели, Британската амбасада во Скопје и Вестминстер фондацијата за демократија. И во наредните две години заеднички ќе ги јакнеме капацитетот на Собранието на Република Македонија, нашата претставничка, законодавна и надзорна функција

Прочитај повеќе

Средба Вељаноски со известувач за Република Македонија г. Р...



Понеделник, 19 септември 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со членот на Европскиот парламент и известувач за Република Македонија, г. Ричард Ховит

На почетокот на средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, направи кратка ретроспектива на настаните и постигнувањата на Собранието на Република Македонија во изминатиот период. Тој најпрво ги истакна позитивните постигнувања на Собранието во изминатите две години кои му донесоа позитивна оценка на Собранието во Извештајот за напредокот на Република Македонија, а кои придонесоа и за вкупните позитивни оценки за Република Македонија

Прочитај повеќе

Средба на Вељаноски со потпретседателот г. Санг Гуовеи...



Четврток, 15 септември 2011 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со потпретседателот на Постојаниот Комитет на Народниот Конгрес на Народна Република Кина г. Санг Гуовеи

На средбата беа присутни и членови на Постојаниот комитет на Народниот Конгрес на Народна Република Кина: г. Сун Веншенг, г. Рен Маодонг, г. Џанг Баиџиа и г. Ли Џианг, а од македонската страна присуствуваа координаторите на пратеничките групи: г-ѓа Силвана Бонева, г. Талат Џафери, г. Игор Ивановски, г. Горан Мисовски, г. Рејхан Дурмиши и пратениците г. Антонио Милошоски, г. Александар Спасеновски, г. Гордан Георгиев и г. Менде Диневски.

Прочитај повеќе

Петта седница на Комисијата за финансирање и буџет 19.9.11...



Понеделник, 19 септември 2011 година

Петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Петтата седница, одржана на 15 и 19 септември 2011 година, како матично работно тело ги разгледа

Прочитај повеќе
1...121314...17                  
Click