Изјава на Вељаноски по повод 15 септември- Меѓународен ден ...



Четврток, 15 септември 2011 година

ИЗЈАВА НА Г. ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА СОБРАНИЕТО ВО ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНАТА УНИЈА, ПО ПОВОД 15 СЕПТЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Во септември 1997 година, Интерпарламентарната унија (ИПУ) ја усвои Универзалната декларација за демократија, со што ја поттикна Организацијата на Обединетите нации во 2007 година, на десетгодишнината од Декларацијата, да го прогласи 15 Септември за Меѓународен ден на демократијата

Прочитај повеќе

Втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и во...



Четврток, 15 септември 2011 година

Втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на втората седница одржана на 14 септември 2011 година, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа

Прочитај повеќе

Четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет 14.9....



Среда, 14 септември 2011 година

Четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Четврта седница, како матично работно тело ги разгледа следните Предлог-закони:

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот америк...



Среда, 14 септември 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот американски амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Пол Волерс

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Н.Е. Пол Волерс. На средбата, претседателот Вељаноски искажа задоволство од постигнатото ниво на пријателски односи меѓу двете држави и од поддршката која Соединетите Американски Држави ѝ ја даваат на Република Македонија.

Тој искажа убедување дека досегашната успешна комуникација и соработка ќе бидат дополнително унапредени во периодот кој следи, како во однос на продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји, така и во однос на други прашања значајни за двете страни.

Амбасадорот Волерс ја потенцираше подготвеноста на Соединетите Американски Држави да продолжи во заложбата за поддршка на Република Македонија.

 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод Денот на незав...



Четврток, 8 септември 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод Денот на независноста на Република Македонија

Сите народи и држави имаат свои, големи, историски датуми и настани.
Тие, ја обликуваат свеста на граѓаните и ги проектираат патиштата по кои се движиме.
Тие, се и паметник за времињата што поминале, но и најголем потсетник за одговорноста што ја имаат нациите, соочувајќи се со настаните што доаѓаат.
Почетокот и крајот, на сите нив се татковината и народот!

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски на 8 септември...



Четврток, 8 септември 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со поранешните претседатели на Собранието на Република Македонија и претседателот, членовите и замениците-членови на Комисијата за спроведување на референдумот 1991 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, оствари средба со поранешните претседатели на Собранието на Република Македонија, г. Стојан Андов, г. Саво Климовски и г. Љубиша Георгиевски; со претседателот на Комисијата за спроведување на референдумот 1991 година, г. Никола Коневски и членовите и замениците-членови на Комисијата, г-ѓа Евица Димовска, г. Александар Бошњаковски, г. Ведат Вели, г. Агим Мифтари и г. Димитар Велков

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски за 20 години независнос...



Среда, 7 септември 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на свечената седница по повод 20 години од независноста на Република Македонија

Република Македонија ја слави 20-годишнината од прогласувањето на независноста.
Овие денови, Македонија со гордост се сеќава на изминатите две декади во кои го спроведовме на дело вековниот сон на генерациите пред нас.
Нашата татковина им оддава достојна почит на успесите во минатото, гледајќи решително кон иднината!
Нема поголема афирмација за љубовта и почитта која ја имаме кон земјата на нашите огништа од нашата сплотеност која заедно ја демонстрираме овој 8 Септември, прославувајќи го остварувањето на вековниот македонски сон за државна самостојност

Прочитај повеќе

Средба на Кенан Хасипи со европратеникот г. Јорго Шацимарк...

Понеделник, 5 септември 2011 година

Средба на копретседавачот на Мешовитиот комитет - Република Македонија и Европска унија, г. Кенан Хасипи со европратеникот г. Јорго Шацимаркакис

Копретседавачот, г. Кенан Хасипи изрази чест и задоволство за остварување на оваa прва средба која се совпаѓа во период кога Република Македонија одбележува 10 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, оценувајќи ја конференцијата како успешна со верување дека тој европски дух кој што владееше ќе продолжи и понатаму.

Прочитај повеќе

Европратеникот Ричард Хуит најави конструктивност во извест...



Понеделник, 5 септември 2011 година

Европратеникот Ричард Хуит најави конструктивност во известувањата за Македонија

Членот на Европскиот парламент и известувач за Република Македонија, г. Ричард Хуит, во посета на Собранието на Република Македонија, оствари одделни средби со претседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Македонија, г. Кенан Хасипи; претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска и со претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини

Прочитај повеќе

Антонијо Милошоски во Варшава, 5.9.2011...



Понеделник, 5 септември 2011 година, Варшава

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, на Конференција на претседатели на комисии за надворешни работи на парламентите на земјите-членки на ЕУ (COFACC)

Тема на разговорот беа македонските евроинтеграции, реформите на македонската Влада, како и потврдената препорака од страна на Европската комисија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Беше искористена можноста за двајцата колеги да бидат запознаени со развојот на настаните поврзани со наметнатииот спор и блокадата на Република Македонија од страна на соседна Грција

Прочитај повеќе
1...131415...17                  
Click