Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“,...

Вторник, 20 декември 2016 година

Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

На 20 декември 2016 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2016 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе - Свети Климент Охридски...

Среда, 7 декември 2016 година

Положување венец свежо цвеќе 

По повод државниот празник Св. Климент Охридски, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Билјана Ивановска, г. Златко Атанасовски и г. Арсо Синадинов на 8 декември 2016 година, ќе положи венец свежо цвеќе  на Споменикот на Свети Климент Охридски, во 11.00 часот, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, 201...

Среда, 7 декември 2016 година

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2016 година (четврток), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2016 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Положување венци свежо цвеќе, 11.11.2016 ...

Петок, 11 ноември 2016 година

Положување венци свежо цвеќе 

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Град Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Марија Алексовска, г-ѓа Билјана Ивановска и г. Арсо Синадинов, на 13 ноември 2016 година (недела), ќе положи венци свежо цвеќе на: 

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе 2016...

Петок, 21 октомври 2016 година

Положување венец свежо цвеќе 

По повод 23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Жарко Денковски, генерален секретар на Собранието на Република Македонија, г. Весел Весељи, државен советник и г-ѓа Ѓилсер Клинче, државен советник, на 23.10.2016 година (недела), во 11.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на основачите на ВМРО во Парк „Жена борец“.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „23 Октомври“ 2016...

Петок, 21 октомври 2016 година

Доделување на државната награда „23 Октомври“

На 23 октомври 2016 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели државната награда „23 Октомври“ за 2016 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомв...

Понеделник, 10 октомври 2016 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија, на 11.10.2016 година (вторник), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Есенска сесија на Парламентарното ...

Понеделник, 10 октомври 2016 година

Собраниска делегација на Есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф, Рената Дескоска, член, Владимир Ѓорчев и Имер Алиу, заменици-членови, ќе учествува на редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе се одржи од 10 до 14 октомври 2016 година во Стразбур, Франција.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „11 Октомври“, 2016...

Петок, 7 октомври 2016 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2016 година (вторник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2016 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Николоски прв македонски пратеник предводник на мисија на П...

Петок, 23 септември 2016 година

Николоски прв македонски пратеник предводник на мисија на ПССЕ за набљудување на избори или референдум

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски, во име на ова меѓународно собрание, ќе ја предводи Адхок комисијата за набљудување на референдумот за уставните измени во Азербејџан, закажан за 26 септември 2016 година. Ова е првпат пратеник од Македонското собрание да биде избран да предводи мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на избори или референдум. 

Прочитај повеќе
123...16                 
Click