Пратеникот Ејуп Алими на Конференција на КОСАК во Загреб...

Петок, 17 јануари 2020 година

Пратеникот Ејуп Алими на КОСАК во Загреб

Во рамките на Хрватското претседавање со Советот на Европската Унија, членот на  Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, Ејуп Алими, на 19 и 20 јануари 2020 година, ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки - КОСАК, што ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на конференција на КОСАП во Тирана...

Четврток, 16 јануари 2020

Собраниска делегација на конференција на КОСАП во Тирана

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав Шпреса Хадри и Славица Шуманска-Митева, членки на Комисијата за европски прашања, денес и утре ќе учествува на Конференција на парламентарните комисии за европски интеграции/прашања на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација.

Прочитај повеќе

Јавна расправа за Предлог-планот на активности за унапредув...

Понеделник, 13 јануари 2020

Јавна расправа за Предлог-планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во соработка со Клубот на пратенички и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 15 јануари 2020 година (среда), во 10:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ ќе одржи Јавна расправа на тема: Предлог-план на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 - 2021.

Прочитај повеќе

Иницијатива за промена на изборниот модел...

Вторник, 24 декември 2019 година            

Иницијатива за промена на изборниот модел

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со  Иницијативата за една изборна единица ќе одржи отворена дебата по Предлог законот за изменување на Изборниот законик и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик кои се однесуваат на воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори и еднаква родова застапеост на листите за пратеници и советници.

Прочитај повеќе

Јавна расправа по Предлог-законот за младинско учество и мл...

Петок, 20 декември 2019 година

Јавна расправа по Предлог-законот за младинско учество и младински политики

Комисијата за образование, наука и спорт, на 41. седница на 23 декември 2019 година (понеделник), во 10:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за младинско учество и младински политики.  

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на 17. Состанок на Мешовит...

Вторник, 17 декември 2019 година

Учество на собраниска делегација на 17. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Мешовитиот парламентарен Комитет – Република Северна Македонија и ЕУ учествува на 17. Состанок на комитетот, кој ќе се одржи на 18 и 19 декември 2019 година во Европскиот парламент во Стразбур.

Прочитај повеќе

Работна посета на собраниска делегација во Молдавија за ене...

Вторник, 10 декември 2019 година

Работна посета на собраниска делегација во Молдавија за енергетска ефикасност

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Агим Шаќири, заменик-претседател и Зоран Илиоски, заменик-член на Комисијата за економски прашања, ќе учествуваат на состаноци посветени на енергетската ефикасност, во организација на Енергетската заедница и на Парламентарниот форум за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност и клима, како и на Германското здружение за соработка, кои ќе се одржат во Кишињев, Република Молдавија, на 11 и 12 декември 2019 година.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Трансатлантски парламентарен форум...

Петок, 6 декември 2019 година

Собраниска делегација на Трансатлантски парламентарен форум во Вашингтон

Во рамките на редовните заседанија на Парламентарното Собрание на НАТО, на годишниот 19.Трансатлантски парламентарен форум, што во заедничка организација на ПС на НАТО и Атлантскиот совет ќе се одржи од 9 до 11 декември 2019 година во Вашингтон, САД, ќе учествува Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и заменик-членот на Делегацијата, Африм Гаши. 

Прочитај повеќе

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ 201...

Петок, 6 декември 2019 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

На 8 декември 2019 година (недела), во Кристалната сала на Собранието, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, ументоста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 8.12.19...

Четврток, 5 декември 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод празникот 8 Декември - „Св. Климент Охридски“, делегација на Собранието, во состав: Александар Филиповски, Александра Цветкоска и Весна Дамчевска-Илиевска, на 6 декември 2018 година (петок), во 11:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Прочитај повеќе
123...21                      
Click