Делегација од Комисијата за транспорт, врски и екологија во...

Среда, 24 април 2019 година, Приштина

Делегација од Комисијата за транспорт, врски и екологија во Приштина

Претседателката на Kомисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска и членката на Комисијата, Слаѓана Митовска, денеска, во Приштина, учествуваа на тренинг во рамките на Проектот: „Развој на вештините на пратениците во Југоисточна Европа за теми поврзани со одржливата урбана мобилност“.

Прочитај повеќе

Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надво...

Понеделник, 22 април 2019 година

Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надвор од Собранието

Во организација на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието на Република Северна Македонија, денеска се одржа обука за „Мерките за промовирање на Етичкиот кодекс и подигање на свеста за неговата содржина“.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на обуката за „Мерките за ...

Понеделник, 22 април 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на обуката за „Мерките за промовирање на Етичкиот кодекс и подигање на свеста за неговата содржина“, организирана од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања 

Во нашето делување, сфатено во најширока смисла на зборот, единствено етичноста односно моралноста го прави нашиот живот убав и достоинствен. Според мене, оваа мисла на Алберт Ајнштајн треба секогаш да биде појдовна точка на секој поединец. Но, во досегашниот цивилизациски развој, тоа не е така. Затоа, имаме морални и етички норми и вредности кои се преточени во закони, кодекси и други акти со кои се уредува функционирањето и однесувањето на секој поединец во јавната но и во приватната сфера, а исто така се уредува функционирањето на државата, односно институциите.
Прочитај повеќе

Работен состанок за Управувачкиот совет за реализирање на П...

Четврток, 18 април 2019 година

Работен состанок на Управувачкиот совет за реализирање на Проектот „Програма за поддршка на Парламентот“

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржа работен состанок на Управувачкиот совет за реализирање на Проектот „Програма за поддршка на Парламентот“. На состанокот присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери; потпретседателите Горан Мисовски, Фросина Ташевска-Ременски и Весел Мемеди; генералната секретарка Цветанка Иванова; швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада и претставници на Националниот демократски институт (НДИ).

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на 99. Рос-Рот семинар...

Среда, 17 април 2019 година

Учество на собраниска делегација на 99. Рос-Рот семинар

Во заедничка организација на ПС на НАТО, Медитеранската и Специјалната група за Блискиот исток и Делегацијата на Парламентот на Република Турција во ПС на НАТО, од 12 до 14 април 2019 г. се одржа 99. Рос-Рот семинар посветен на безбедносните и хуманитарните аспекти на кризните состојби во Медитеранот и Блискиот исток. На овој настан учествуваа пратениците: Илија Димовски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО, Катерина Кузмановска и потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди, членови на Делегацијата. 

Прочитај повеќе

Заменик-генералниот секретар Милковски на средба со својот ...

Среда, 17 април 2019 година

Заменик-генералниот секретар Милковски на средба со својот српски колега Маринковиќ

Заменик-генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Мики Милковски, оствари средба со својот колега Бранко Маринковиќ од Собранието на Република Србија, што се одржа на 16 април во Белград, Република Србија.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на 15. состанок на КОСАП...

Вторник, 16 април 2019 година

Собраниска делегација на 15. состанок на КОСАП

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Владанка Авировиќ и Емил Димитриев, како и Мики Милковски, заменик-генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија, на 14 и 15 април учествуваше на 15. состанок на Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на земјите учеснички на Процесот за стабилизација и придружување во Југоисточна Европа (КОСАП) во Белград, Република Србија.

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на вториот дел од Редовнат...

Четврток, 11 април 2019 година

Учество на собраниска делегација на вториот дел од Редовната сесија на ПССЕ во Стразбур

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, учествува на вториот дел од Редовната сесија на ПС на СЕ што се одржува од 8 до 12 април во Стразбур. Во составот на Делегацијата, предводена од Бетиан Китев, се и Шпреса Хадри и Антонијо Милошески.

Прочитај повеќе

Учество на Цветанка Иванова на Заседанието на Здружението н...

Среда, 10 април 2019 година

Учество на Цветанка Иванова на Заседанието на Здружението на генерални секретари на парламенти

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова учествува на Заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите (ЗГСП), што се одржува во рамките на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија (6-10 април 2019 година, Доха, Катар).

Прочитај повеќе

Искуствата на развивањето на економијата и животниот станда...

Среда, 10 април 2019 година

Искуствата на развивањето на економијата и животниот стандард на Австралија повеќе од добредојдени за земјава

Претседателот на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Австралија, Зоран Илиоски, заедно со членовите на Групата, оствари средба со амбасадорката на Австралија со седиште во  Белград , Н.Е. Рут Карис Стјуарт.

Прочитај повеќе
1...353637...117                                                                                                                      
Click