Отвореност од пријателска Чешка за споделување искуства за ...

Среда, 10 април 2019 година

Отвореност од пријателска Чешка за споделување искуства за патот кон НАТО и ЕУ

Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Хари Локвенец, остварија средба со Чешка делегација, предводена од Јан Хамачек, заменик-претседател на Владата и министер за внатрешни работи на Чешката Република.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Андреј Данко...

Вторник, 9 април 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г. Андреј Данко, спикер на Националниот совет на Словачката Република

Во рамките на Конференцијата на претседатели на Парламенти на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство, која се одржува во Виена,  Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Талат Џафери оствари билатерална средба и со г. Андреј Данко, Спикерот на Националниот Совет на Словачката Република.

Прочитај повеќе

Активно учество на собраниската делегација на 140. Собрание...

Вторник, 9 април 2019 година

Активно учество на собраниската делегација на 140. Собрание на ИПУ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ) активно продолжува со учеството на 140. Собрание на ИПУ, што се одржува од 6 до 10 април 2019 година во Доха, Катар.

Прочитај повеќе

Билатерална средба на претседателот Џафери со г-ѓа Бонард ...

Вторник, 9 април 2019 година

Билатерална средба на претседателот Џафери со потпретседателот на Националното собрание на Франција, г-ѓа Биро Бонард и претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција, г. Бизе, во рамките на Конференцијата на претседатели на парламенти од Европската Унија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери во Виена, Австрија на 8 и 9 април 2019 година учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти од Европската унија, на која покрај Претседатели на парламенти на земјите членки на ЕУ, поканети се и претседатели на Парламенти на земјите кандидати за членство во ЕУ и земји кои учествуваат како набљудувачи. Со Конференцијата претседава г. Волфганг Соботка, Претседател на Австрискиот Национален Совет, и г. Инго Апе, Претседател на Австрискиот Федерален Совет.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција на претсед...

Понеделник, 8 април 2019 година, Виена, Австрија

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на Конференцијата на претседатели на Парламенти на ЕУ на тема „Европската Унија и нејзините соседи“

Темата за која денеска дебатираме, а тоа е Европската Унија и нејзините соседи, за нас државите кандидати за полноправно членство е од посебно значење, бидејќи со тоа уште еднаш се потврдува политиката на отворена врата за државите од регионот Западен Балкан. Ова е уште поважно бидејќи годинава е изборна година за Европскиот парламент кој што е битието на демократскиот живот, нe само во Европската Унија туку на целиот континент. 
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АНЏЕЛО ФАРУЏА И ИРАКЛИ КО...

Понеделник, 8 април 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АНЏЕЛО ФАРУЏА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА РЕПУБЛИКА МАЛТА И ИРАКЛИ КОБАХИЅЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ГРУЗИЈА

На маргините на 140. Собрание на ИПУ, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери оствари билатерални средби со Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта и Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија.

Прочитај повеќе

Недопустливост за користење на платеници како средство за п...

Понеделник, 8 април 2019 година

Недопустливост за користење на платеници како средство за поткопување на мирот и кршење на човековите права

На 140. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 6 до 10 април 2019 година во Доха, Катар, учествува Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и шеф на Делегацијата во ИПУ. Во рамките на 140. Собрание, на 7 април 2019 година седници одржаа постојаните комисии за мир и меѓународна безбедност (Прва комисија) и за одржлив развој, финансии и трговија (Втора комисија).

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЗИГФРИД БРАКЕ И И НУРЛАН ...

Недела, 7 април 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЗИГФРИД БРАКЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА ФЕДЕРАЛНИОТ ПАРЛАМЕНТ НА БЕЛГИЈА И НУРЛАН НИГМАТУЛИН, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАЖИЛИСОТ НА ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА КАЗАХСТАН

Во рамките на 140. Собрание на ИПУ, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари билатерални средби со Зигфрид Браке, претседател на Претставничкиот дом на Федералниот парламент на Белгија и Нурлан Нигмтатулин, претседател на Мажилисот на Парламентот на Република Казахстан.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 140. Собрание на ИПУ...

Недела, 7 април 2019 година, Доха, Катар

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија на тема „Парламентите како платформи за зголемување на едукацијата за мир, безбедност и владеење на правото“

Образованието во човековата историја е една од најстарите цивилизациски вредности. Многу долго, образованието било привилегија само за одреден тесен слој на луѓе, а во исто време и одлична алатка за владеење врз широките, необразовани, односно неуки луѓе, без разлика дали станува збор за робовладетелски општества, феудални или друг тип на општествено уредување. 
Прочитај повеќе

Дебата за родова еднаквост на работа во рамките на 140. Соб...

Сабота, 6 април 2019 година, Доха, Катар

Дебата за родова еднаквост на работа во рамките на 140. Собрание на ИПУ

Во рамките на 140. Собрание, денеска се одржа седница на „Форумот на жени парламентарки“, на која, меѓу другото, се одржа и дебата на тема: „Еднаквост на работа“, која имаше за цел споделување на искуства за добрите практики, стратегии, политики, законодавство и мерки за постигнување на родова еднаквост на работа.
Прочитај повеќе
1...363738...117                                                                                                                      
Click