Конференцијата на тема „Учество во изборниот процес на лица...

Среда, 6 февруари 2019 година

Конференцијата на тема „Учество во изборниот процес на лицата со попреченост“

По повод Светскиот ден на изборите, пратениците Јагода Шахпаска, Трајчо Димков и Јулијана Николова, како заменици претседавачи на Интерпартиската парламентарна група за лицата со посебни способности (ИППГ), денес учествуваа на  Конференцијата на тема „Учество во изборниот процес на лицата со попреченост“. 

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРКАТА НА ВЕЛИКА Б...

Среда, 6 февруари 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРКАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, Н.Е. РЕЈЧЕЛ ГАЛОВЕЈ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денес имаше работна средба со амбасадорката на Велика Британија во Република Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј. Претседателот Џафери ја информираше амбасадорката за активностите на законодавниот  дом, за ратификацијата на Договорот од Преспа, реформските процеси и процесот на  одржување на претседателските избори.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на затворањето на хуманита...

Среда, 6 февруари 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на затворањето на хуманитарната кампања на Фондацијата „You Are a Sunflower”

Имам чест и задоволство да бидам тука и да ве поздравам во мое име и од име на пратениците на Собранието на Република Македонија на овој посебен, свечен ден, на денот на затворањето на Хуманитарната кампања на Фондацијата „You Are a Sunflower”.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Дамир Крстичевиќ...

Вторник, 5 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со заменикот на претседателот на Владата на Република Хрватска и министер за одбрана, г. Дамир Крстичевиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со заменикот на претседателот на Владата на Република Хрватска и министер за одбрана, г. Дамир Крстичевиќ, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. На средбата присуствуваше и пратеникот Павле Богоевски во својство на член на Комисијата за одбрана и безбедност. 

Прочитај повеќе

Средба на собраниска делегација со генералниот секретар на ...

Вторник, 5 февруари 2019 година

Средба на собраниска делегација со генералниот секретар на ЦЕИ, Роберто Антоњоне 

На средбата присуствуваа шефот на Делегацијата, Фадил Зендели и членовите Елизабета Канчевска-Милевска и Мирсада Емини-Асани. Во своето воведно излагање, Зендели изрази благодарност за оваа средба, воедно упати честитка до сенаторот Антоњоне за избор на функцијата генерален секретар во период кога се одбележуваат 30 години од формирањето на оваа Иницијатива, а Италијанската Република е претседавач со ЦЕИ за 2019 година. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на Ц...

Вторник, 5 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на ЦЕИ, Роберто Антоњоне 

На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со генералниот секретар на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), италијанскиот сенатор Роберто Антоњоне, кој престојува во работна посета на Република Македонија, беа разменети повеќе информации и мислења околу досегашната и идна соработка на нашата земја во рамките на ЦЕИ.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените ...

Вторник, 5 февруари 2019 година

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Деветтата седница одржа Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година.

Прочитај повеќе

Работна средба на Клубот на пратенички 5.2.19...

Вторник, 5 февруари 2019 година

Работна средба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа работна средба, на која покрај членовите на претседателството на Клубот на пратенички, беа поканети и сите пратенички на Собранието на Република Македонија, како и генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, Цветанка Иванова. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот Бејли и новат...

Понеделник, 4 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот Бејли и новата директорка на канцеларијата на УСАИД во Скопје, г-ѓа Гречен Биркл

На средбата се дискутираше за досегашната соработка помеѓу Собранието на Република Македонија и Американската организација за меѓународен развој (УСАИД), како што се проектите реализирани преку Националниот демократски институт (НДИ), кои ја поддржуваат работата на Собранието на Република Македонија преку програми кои се финансирани од оваа организација. 
Прочитај повеќе

ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА БРИСЕЛ 4.2.1...

Понеделник, 4 февруари 2019 година, Брисел

ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА ШТАБОТ НА НАТО И ВРХОВНИТЕ ШТАБНИ ЗДРУЖЕНИ СИЛИ ЗА ЕВРОПА

Делегацијата во состав од пратениците: Илија Димовски, шеф на Делегацијата на ПС на НАТО, Катерина Кузмановска и Весел Мемеди, членови на Делегацијата, Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, Илија Николовски, заменик-претседател, Емил Димитриев и Џеват Адеми, членови, како и Ане Лашкоска, Шпреса Хадри, Емилија Александрова и Африм Гаши, членови на Комисијата за надворешна политика, имаа можност со високи претставници на НАТО, да разменат мислења за односите што Алијансата ги развива со нејзините партнери, прашањата сврзани со НАТО и Западен Балкан, односите НАТО-Русија, борбата против хибридните војни и растечката отпорност. 

Прочитај повеќе
1...474849...117                                                                                                                      
Click