Врачена државната награда „11 Октомври“...

Четврток, 11 октомври 2018 година

Врачена државната награда „11 Октомври“

Денеска во Собранието на Република Македонија, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ја додели наградата „11 Октомври“ за 2018 година.

Прочитај повеќе

Отворена Женска соба на Клубот на пратенички...

Среда, 10 октомври  2018 година

Отворена Соба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во пресрет на утрешниот празник 11 Октомври - Денот на востанието на Македонија, организираше отворање на Соба на Клубот на пратенички. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на Собата на...

Среда, 10 октомври 2018

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на Собата на Клубот на пратенички 

Задоволство ми е што денес сум тука меѓу вас на овој свечен чин на реализирање на моето ветување дадено по повод Меѓународниот ден на жената и одбележувањето на 15-годишнината од функционирањето на Клубот на пратенички, кога реков дека ќе го следам примерот на шведскиот Парламент и Кралството Шведска, земја со највисок процент на застапеност на жените во политиката и јавниот живот и  како претседател на Собранието на Република Македонија, ќе започнам со реализација на проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и работните тела во Собранието. 
Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Конференција за трансформирање на ...

Понеделник, 8 октомври 2018 година

Собраниска делегација на Конференција за трансформирање на Регионот на Западен Балкан 

Делегација од Собранието на Република Македонија, во состав: Горан Милевски, Артан Груби, Жаклина Лазаревска и Драган Данев учествуваше на Меѓупарламентарната конференција во Софија на тема: „Трансформација на регионот на Западен Балкан - парламентарна перспектива за улогата и иднината на процесот на пристапување во ЕУ“. 

Прочитај повеќе

Дваесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и...

Четврток, 4 октомври 2018 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 27. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа  Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, поднесен од пратениците: Панчо Минов, Драган Данев, Лилјана Затуроска, Слаѓана Митовска и Ане Лашкоска.

Прочитај повеќе

Заеднички интерес е носењето закони коишто ќе го олеснат фу...

Вторник, 2 октомври 2018 година

Заеднички интерес е носењето закони коишто ќе го олеснат функционирањето на земјоделскиот сектор

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство оствари средба со германска делегација, предводена од Ханс Георг фон дер Марвиц, пратеник од Бундестагот.

Прочитај повеќе

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ 30.9.18...

Недела, 30 септември 2018 година

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ

Дозволете ми да ја искористам оваа прилика, да им честитам на сите граѓани на Република Македонија за овој празничен ден, ден во кој граѓаните и институциите спроведоа ден на гласање без ниту еден инцидент и со мирен и демократски процес на гласање. 
Прочитај повеќе

Првиот парламентарен состав „ЗА“ референдумот на 30 септемв...

Четврток, 27 септември 2018 година

Првиот парламентарен состав „ЗА“ референдумот на 30 септември

Членови од првиот парламентарен состав, на прес-конференција во Собранието на Република Македонија, ги повикаа граѓаните да излезат на 30 септември и да го направат вистинскиот чекор во вистинско време.

Прочитај повеќе

Прес-конференција на претседателот Џафери 27.09.2018...

Четврток, 27 септември 2018 година

Прес-конференција на претседателот Џафери

На последниот ден од кампањата за референдумот кој ќе се одржи во недела на 30-ти септември 2018 година, сакам како претседател на Собранието на Република Македонија, заедно со Координативното тело и 120 пратеници во Собранието кои водеа кампања за и против поддршка на референдумското прашање, да ги повикам граѓаните да го искористат своето со устав гарантирано право и да излезат и да учествуваат во носењето на најважната одлука за иднината на нашата држава.   
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Кадри Весели...

Четврток, 27 септември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г. Кадри Весели

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска се сретна со г. Кадри Весели, претседател на Собранието на Република Косово, кој престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија. 

Прочитај повеќе
1...616263...117                                                                                                                      
Click