Соопштенија

Среда, 10 октомври 2012 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание
 
По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија на 11.10.2012 година (утре) ќе положат свежо цвеќе.

- Делегација во чиј состав се пратениците: г. Александар Спасеновски, г. Гордан Георгиев и г. Сафет Бишевац, во 10,00 часот, ќе положи свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски;

- Делегација предводена од потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа  Светлана Јакимовска, во чиј состав се и пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г. Игор Ивановски, г-ѓа Ленче Николовска и г. Горан Мисовски, во 11,00 часот, ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто на Плоштад Македонија;

- Делегација во чиј состав се пратениците: г-ѓа Ане Лашкоска, г. Димитар Стевананџија и г. Горан Сугарески, во 09,00 часот, ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу и Могилата на непобедените во Прилеп;

 - Делегација во чиј состав се пратениците г. Јордан Пачков и г. Оливер Спасовски, во 11,00 часот, ќе положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

 
Click