Учество на меѓународна конференција, 5.12.2012...

Среда, 5 декември 2012 година
 
Учество на меѓународна конференција

Претседателот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, г. Горан Минчев и заменик-претседателот на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, г. Николче Ацевски ќе учествуваат на меѓународна конференција во Љубљана.

Конференцијата на тема „Состанок на чуварите: Евалуирање и подобрување на надзорот над разузнавачките служби на Западниот Балкан", ќе се одржи на 5 и 6 декември 2012 година во Љубљана, Република Словенија.

 
Прочитај повеќе

Делегација на КЕП во Брисел, 4.12.2012...



Вторник, 4 декември 2012 година
 
Делегација на Комисијата за европски прашања во Брисел

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на комисијата, Хајрула Мисини, а во состав г. Владимир Ѓорчев и г. Гордан Георгиев, од 4 до 6 декември 2012 година ќе престојува во Брисел, Кралството Белгија.

За време на  посетата , која е во пресрет на  декемврискиот состанок на  Европскиот совет, на кој ќе се одлучува по препораката на Европската комисија  за давање на датум за почеток на преговори на Македонија за ЕУ членство, делегацијата ќе има средби со  повеќе европратеници во Европскиот парламент. 

На средбите, покрај лобирањето за  добивање на датум за преговори, ќе бидат разменети и  мислења за  евроинтегративните процеси во  земјата.

 

Прочитај повеќе

Пратеникот Џеват Адеми во Монтре, Швајцарија, 16.11.2012...



Петок, 16 ноември 2012 година

Пратеникот Џеват Адеми ќе учествува на 25. Регионално собрание - Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата

Пратеникот г. Џеват Адеми, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), ќе учествува на 25. Регионално собрание - Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата, што ќе се одржи од 19 до 22 ноември 2012 година во Монтре, Швајцарска Конфедерација

Прочитај повеќе

Надзорна расправа на тема, 15.11.2012...



Четврток, 15 ноември 2012 година

Надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“

Второто продолжение на надзорната расправа ќе се одржи на 15 ноември (денеска) 2012 година, со почеток од 11,00 часот, во Салата „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ бб Скопје.

Прочитај повеќе

Учество на Парламентарен семинар во Брисел, 14.11.2012...



Среда, 14 ноември 2012 година

Учество на Парламентарен семинар на тема: „Заштитата на човековите права и состојбата на жените и децата" во Брисел

Во организација на Директоратот за надворешни политики, односно Одделението за односи со парламентите на земјите од Западен Балкан на 14 и 15 ноември 2012 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија се одржува Парламентарен семинар на тема: „Заштитата на човековите права и состојбата на жените и децата".

Прочитај повеќе

13 Ноември, 12.11.2012...



Понеделник, 12 ноември 2012 година

Положување свежо цвеќе по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Град Скопје

По повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Град Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија и пратениците: г. Владимир Ѓорчев, г. Рејхан Дурмиши и г. Горан Мисовски, на 13.11.2012 година (утре) ќе положат свежо цвеќе

Прочитај повеќе

Kомисии на ПС на СЕ, 12.11.2012...



Понеделник, 12 ноември 2012 година

Собраниска делегација учествува во работата на комисиите на ПС на СЕ

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на СЕ Александар Николоски и членот на делегацијата Игор Ивановски ќе учествуваат во работата на седниците на Комисијата за правни прашања и човекови права и на Комисијата за политички прашања и демократија, кои во текот на оваа недела се одржуваат во Париз, Франција

Прочитај повеќе

Регионална парламентарна конференција, 24.10.2012...

Среда, 24 октомври 2012 година
 
Регионална парламентарна конференција на земјите од Западен Балкан
 
Делегација на Собранието на Република Македонија во состав г-ѓа Владанка Авировиќ, заменик на претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Марјанчо Николов претседател на Комисијата за финансирање и буџет и г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, на покана на Вестминстер фондацијата за демократија ќе учествува на Регионална парламентарна конференција на земјите од Западен Балкан.

Конференцијата ќе се одржи од 26 до 28 октомври 2012 година во Милочер, Република Црна Гора и со цел зајакнување на улогата на Парламентите и Владите во промовирање на компетентноста и економскиот раст во земјите од Западен Балкан, ќе се одржи работилница на регионалната мрежа на Комисии за економија и финансии на земјите од Западен Балкан.

На работилницата ќе учествуваат претседатели на комисиите за економија и финансии на парламентите од земјите на Западен Балкан, членови на парламентите на земјите од Западен Балкан, истражувачи и експерти од регионот.

 
Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе, 22.10.2012...

Понеделник, 22 октомври 2012 година

Положување свежо цвеќе 
 
По повод државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, делегација на Собранието на Република Македонија, во состав г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Владанка Авировиќ и г. Авдија Пепиќ, на 23.10.2012 година (вторник), во 10,30 часот, ќе положат свежо цвеќе на споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација, во паркот „Жена борец“.
Прочитај повеќе

ПСЈИЕ ПД, 15.10.2012...



Пeток, 12 октомври 2012 година

Процесот за соработка во Југоисточна Европа и неговата парламентарна димензија (ПСЈИЕ ПД)

Македонското претседателство со парламентарната димензија на ПСЈИЕ започнува со одбележување на 15-годишнината од Првата конференција на претседателите на ПСЈИЕ, одржана 1997 година во Атина. По тој повод се организира Меѓународна конференција на тема „15 години од парламентарната димензија на ПСЈИЕ - минатото, сегашноста и европската иднина на регионот".

Прочитај повеќе

Учество на 48. Конференција на КОСАК, 15.10.2012...

Понеделник, 15 октомври 2012 година

Учество на 48. Конференција на КОСАК

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, на 14-16 октомври 2012 година, ќе учествува на 48. Конференција на комисиите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија - КОСАК, што под ЕУ претседателство на Република Кипар се одржува во Никозија.

На конференцијата, на која учествуваат претседателите и членовите на комисиите за европски прашања на земјите-членки  и земјите-кандидати за ЕУ членство, ќе стане збор  за  приоритетите на кипарското претседателство со ЕУ, безбедното снабдување со  енергија, како и за Стратегијата Европа 2020, во однос на можностите за излез од економската криза  во Унијата.

Во рамките на конференцијата свое излагање ќе има и заменикот  на претседателот на  Европската комисија, г. Марош Шевчовиќ на тема: „Повеќе Европа во реалноста“ - од зборови на дела.
Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе, 10.10.2012...



Среда, 10 октомври 2012 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија на 11.10.2012 година (утре) ќе положат свежо цвеќе.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на погреб на г. Борис Шпрем 4,10,12...

Четврток, 4 октомври 2012 година

собраниска делегација на погреб на претседателот на Хрватскиот сабор, г. Борис Шпрем

Делегација од Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателот г-ѓа Светлана Јакимовска, во состав од г. Фијат Цановски, претседател на Парламентарната група за соработка со Парламентот на Хрватска и г. Талат Џафери, член на Парламентарната група за соработка со Парламентот на Хрватска, денеска ќе присуствува на погребот на претседателот на Хрватскиот сабор, г. Борис Шпрем.

Посмртните останки на претседателот на Хрватскиот сабор, г. Борис Шпрем, ќе бидат изложени на градските гробишта во Мирокој, Загреб, од 7:30 до 11:30 часот.

Потпретседателот г-ѓа Светлана Јакимовска ќе се потпише во книгата на жалост во Хрватскиот сабор.

Погребот на претседателот на Хрватскиот сабор, г. Борис Шпрем, ќе биде во 12:00 часот на градските гробишта во Мирокој, Загреб.

 
Прочитај повеќе

Учество на форум, 3.10.2012...



Среда, 3 октомври 2012 година

Учество на форум Полова еднаквост - што парламентите од Европската унија прават на овој план

Во организација на Комисијата за правата на жените и родовата еднаквост и од Групата на високо ниво за полова еднаквост и разновидност при Европскиот парламент, на 3 октомври 2012 година во Брисел, Кралството Белгија се одржува Заеднички состанок посветен на „Полова еднаквост - што парламентите од Европската унија прават на овој план"?

Прочитај повеќе

прво продолжение од надзорната расправа, 21.9.2012...



Петок, 21 септември 2012 година

Прво продолжение од надзорната расправа на тема: „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на 20 септември, во рамките на Седумнаесеттата седница, со почеток од 11,00 часот, во Салата „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ бб Скопје, го одржа првото продолжение на надзорната расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“.

Прочитај повеќе
1234     
Click