Соопштенија

Среда, 3 октомври 2012 година
 
Учество на форум Полова еднаквост - што парламентите од Европската унија прават на овој план
 
Во организација на Комисијата за правата на жените и родовата еднаквост и од Групата на високо ниво за полова еднаквост и разновидност при Европскиот парламент, на 3 октомври 2012 година во Брисел, Кралството Белгија се одржува Заеднички состанок посветен на „Полова еднаквост - што парламентите од Европската унија прават на овој план"?

На овој форум се поканети да учествуваат претседателите и членовите на релевантните комисии во националните парламенти.

Од Собранието на Република Македонија на овој настан ќе учествува г-ѓа Светлана Мазгалоска-Вучетиќ, член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Заедничкиот состанок, кој ќе се одвива во две работни сесии, има за цел да отвори широка дебата меѓу европарламентарците и пратениците од националните парламенти на земјите-членки на Европската унија и земјите аспиранти, а кои работат на прашањата на родовата еднаквост. Дебатата е фокусирана на прашањата сврзани со родовата еднаквост и како тие се решени во законодавствата на одделни држави, кои активности се преземаат на планот на промовирањето на родовата еднаквост како на политичко, така и на оперативно ниво, како и за тоа кои активности се преземаат во промовирањето и унапредувањето на родовата еднаквост.

Се очекува висок степен на учество на парламентарци од поканетите национални парламенти, како и обраќања од реномирани европарламентарци, експерти и други афирмирани учесници кои имаат особен придонес во оваа област.

 
Click