Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците
k-polsis@sobranie.mk
Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- функционирање на политичкиот систем;
- менување на границите на Републиката;
- државните симболи и нивната употреба;
- судството, адвокатурата и јавното обвинителство;
- амнестија и помилување;
- слобода на движењето и слобода на изборот на живеалиштето;
- матична евиденција и заштита на личните податоци;
- лични имиња, лични карти и патни исправи;
- попис на населението;
- системот на јавното информирање;
- право на здружување на граѓаните и политичко организирање,
- избирачко право и начин на избор на пратеници, претседателот на Република Македонија, членовите на советите и градоначалниците;
- референдум;
- народниот правобранител;
- Македонската православна црква како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и други верски заедници и религиозни групи;
- одликувања, признанија и награди;
- празниците на Република Македонија;
- организација на државната управа;
- право на употреба на јазиците и писмата на заедниците;
- гарантирање на заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на заедниците
- воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на политичките системи и односите меѓу заедниците и
- други прашања што се однесуваат на политичкиот систем и односите меѓу заедниците.