Работни тела

Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот


Е-пошта: panketnak@sobranie.mk

Комисијата има претседател, осум члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • начелни прашања, предлози и мислења во врска со остварувањето на одредбите на Уставот, закони и други прописи и акти од значење за остварување и заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • укажување на потребата од донесување на закони и други прописи и акти заради поцелосна заштита на слободите и правата на граѓанинот;
  • следење, разгледување  и анализирање на остварувањето на ратифицираните меѓународни акти кои ја регулираат заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • разгледување на дописите на граѓаните и заземање  ставови по истите;
  • соработува со научни и стручни организации од областа на заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • соработување со соодветни странски и меѓународни тела од областа на заштитата на слободите и правата на граѓанинот и
  • други прашања што се однесуваат на заштитата на слободите и правата на граѓанинот.

Комисијата не може да врши истражни или други судски функции.

Наодите на Комисијата се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции.

 

Претседател: Ернад Фејзула
Заменик на претседателот: Беким Фазлиу
Членови: 1. Момчило Аврамоски
2. Трајчо Димков
3. Амди Бајрам
4. Марија Ангелова
5. Муса Ибраими
6. Петре Шилегов
7. Благоја Стојановски
8. Горан Милевски
Заменици на членовите: 1. Владанка Авировиќ
2. Лилјана Затуроска
3. Павле Саздов
4. Благородна Бојаџиева
5. Каљтрина Азизи
6. Ален Георгијев
7. Јулијана Силјановска
8. Рената Дескоска
Click