Меѓународна соработка

Сабота, 1 октомври 2016 година

Обраќање на потпретседателот Рената Дескоска на 2. сесија: Развојот на демократските институции и човековите права во Југоисточна Европа - улогата на ОБСЕ

ОБСЕ е регионална организација втемелена на еден сеопфатен пристап кон безбедноста што директно ја поврзува безбедноста со демократските вредности. Политиките за промовирање на демократијата на ОБСЕ се широки и  тие се составен дел на безбедносниот дијалог, на соработката и стандардите кои Организацијата има за цел да ги промовира. Преку Хелсиншкиот Договор од 1970-тите и неколку значајни  документи од почетокот на 1990-тите години, ОБСЕ има изградено еден широк корпус во човековата димензија, кој ги вклучува сите основни состојки на демократијата, и тоа доброто управување, владеењето на правото, парламентарниот надзор, изборните стандарди и процедури, граѓанското општество, слободата на медиумите и цивилно-воените односи.

Петок, 30 септември 2016 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Ми претставува големо задоволство денес да ви посакам добредојде во Скопје, главниот град на Република Македонија. Од донесувањето на одлуката за формирање, па до денешната есенска сесија на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, изминати се дваесет и пет години. Период во кој Собранието на ОБСЕ со својата работа и ангажман се покажа како еден од основните столбови и значаен инструмент во остварувањето на темелните принципи врз кои е формиран ОБСЕ. Во овие 25 години Парламентарното Собрание го потврди значењето на парламентарната дипломатија во зачувувањето на мирот, стабилноста и соработката помеѓу 57 држави членки.

Петок, 30 септември 2016 година 

Обраќање на г-ѓа Рената Дескоска, потпретседател на Собранието на Република Македонија и шеф на Делегацијата во ПС на ОБСЕ на отворањето на Есенската сесија на ПС ОБСЕ 

Ми претставува особена чест да ви посакам добредојде во Република Македонија, по повод Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во 2016 година. Ова е прв настан на ПС на ОБСЕ што го организира Собранието на Република Македонија, но исто така и најголемиот меѓународен парламентарен настан досега организиран во нашата земја. 

Вторник, 27 септември 2016 година

Есенската сесија на ПС ОБСЕ - најголем меѓународен парламентарен настан организиран во Македонија

Во пресрет на 15. Есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, која ќе се одржи од 29 септември до 2 октомври во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“, потпретседателката на Собранието на Република Македонија и шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, г-ѓа Рената Дескоска, одржа прес-конференција.

ЕСЕНСКА СЕСИЈА 2016, СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 

Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ПС на ОБСЕ) ја претставува парламентарната димензија на ОБСЕ. Составено е од 323 члена од Парламентите на 57 земји членки на ОБСЕ, покривајќи географски простор од Ванкувер до Владивосток. Тоа е единствената парламентарна организација во структурата на ОБСЕ и врши улога на неопходна врска меѓу управниот дел на ОБСЕ и претставниците што се директно избрани од народот.