Седумнаесета седница на НСЕИ 29.10.13...

Вторник, 29 октомври 2013 година

Седумнаесетта седница на Националниот совет за евроинтеграции

Националниот совет за евроинтеграции на 28 октомври 2013 година ја одржа Седумнаесеттата седница посветена на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2013 година.

Прочитај повеќе

Заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и...

Вторник, 23 јули 2013 година

Заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска, одржаа заедничка седница на која беше презентирана програмата и приоритетите за работа на Литванското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули - декември 2013 година, од страна на амбасадорот на Република Литванија задолжен за Република Македонија со седиште во Будимпешта, Н.Е. г. Ренатас Јушка.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „Подготовка на закон за семејно нас...

Понеделник, 30 декември 2013 година

Јавна расправа на тема: „Подготовка на закон за семејно насилство“

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за труд и социјална политика и Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Македонското женско лоби, на 27 декември 2013 година одржаа јавна расправа на тема: „Подготовка на закон за семејно насилство“

Прочитај повеќе

41. седница на Комисијата за економски прашања 30.12.13...



Понеделник, 30 декември 2013 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и првата седница, одржана на 27 декември 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски со македонскиот дипломатски кор...



Петок, 27 декември 2013 година

Работен состанок на претседателот Вељаноски со македонскиот дипломатски кор

Претседателот Вељаноски се заблагодари за досегашниот ангажман на македонските дипломати во насока на јакнење и унапредување на парламентарната соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентите на другите државите и за севкупното нивно залагање во градењето позитивна слика за нашата држава, презентирање на капацитетот со кој располага и вредностите кои ги има.

Прочитај повеќе

45, седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...



Петок, 20 декември 2013 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанствo

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 45. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија за доставување на амандмани, до почетокот на седницата не се доставени амандмани по Предлог-законот.

Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваше пратеникот Борче Ставров.

По расправата, Комисијата го проследи  Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.


 

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор ...



Четврток, 19 декември 2013 година

Претседателот Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор на Република Србија во Република Македонија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ

Двајцата соговорници изразија задоволство за средбата и притоа претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посака успешна работа во мандатот на новоименуваниот амбасадор на Република Србија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ.

Прочитај повеќе

ПРАЗНИЧНО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК 17,12,13...

Вторник, 17 декември 2013 година

ПРАЗНИЧНО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК

Во очи на четвртата годишнина од издавањето, излезе празничното издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија. По тој повод, копретседавачот, г. Кенан Хасипи, во име на Делегацијата на МПК – РМ и ЕУ и во свое лично име, упати честитки до своите колеги европарламентарци за добро здравје и успех на личен и професионален план следната година.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: Економско јакнење на жените, 18.12....



Среда, 18 декември 2013 година

Јавна расправа на тема: Економско јакнење на жените

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија одржи јавна расправа на тема: Економско јакнење на жените, на која покрај членовите на Клубот на пратенички присуствуваа потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, пратеници на Собранието на Република Македонија, претставници на Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, потоа на локалните комисии за еднакви можности, Македонското женско лоби, Занаетчиската комора на Република Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија, Федерацијата на фармери на Република Македонија и претставници на други здруженија кои работат на ова поле.

Прочитај повеќе

Јавна расправа, 12.12.2013...



Четврток,12 декември 2013 година

Јавна расправа на тема: Економско јакнење на жените

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија ќе одржи јавна расправа на 18 декември 2013 година, со времетраење од 10 до 11.30 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија, на тема: Економско јакнење на жените

Прочитај повеќе
123...30                               
Click