Учество на собраниска делегација на форум во Вашингтон...

Петок, 13 септември 2019 година

Учество на собраниска делегација на форум во Вашингтон

Во рамки на програмата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во соработка со Стејт Департментот и Институтот за претставување на Владата (ИПГ) во Соединетите Американски Држави, од 16 до 26 септември 2019 година, Делегација од Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува на форум за подобрување на транспаретноста и борбата против корупцијата во Вашингтон, Индијанаполис, во Соединетите Американски Држави. 

Прочитај повеќе

Одбележување на 15 Септември - Меѓународниот ден на демокра...

Петок, 13 септември 2019 година

Одбележување на 15 Септември - Меѓународниот ден на демократијата

Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Северна Македонија, поддржан од Националниот демократски институт (НДИ), по повод одбележување на 15 Септември - Меѓународниот ден на демократијата, организира настан на 16 септември 2019 година (понеделник), во 10:00 часот, во Кристалната сала во Собранието.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за транспорт, врски и екологиј...

Петок, 13 септември 2019 година

Јавна расправа на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на својата 49. седница, на 16 септември 2019 година (понеделник), во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието, ќе одржи Јавна расправа на тема: Нацрт-просторен план на Националниот парк Пелистер 2016-2030.

Прочитај повеќе

Службена посета на КПУ Затвор Скопје...

Четврток, 12 септември 2019 година

Службена посета на КПУ Затвор Скопје

Во рамките на своите надлежности, Работната група на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонијa, во состав Фадил Зендели, Мирсада Емини-Асани, Трајчо Димков, Панчо Минов и Слаѓана Митовска, на 13 септември 2019 година (петок), ќе оствари службена посета на КПУ Затвор Скопје - Скопје. 

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените ...

Среда, 11 септември 2019 година

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија на својата Десетта седница закажана на 12 септември 2019 година (четврток), во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието, ќе одржи Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 6.9.19...

Петок, 6 септември 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод одбележувањето на 28 години од независноста на Република Северна Македонија, собраниска делегација, составена од пратениците Илија Николовски, Јулиана Николова, Весна Дамческа-Илиевска и Зеќир Рамчиловиќ, на 8 септември 2019 година, во 10:15 часот, ќе положи венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на гробиштата Бутел. 

Прочитај повеќе

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „8 СЕПТЕМВРИ“ 2019...

Петок, 6 септември 2019 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „8 СЕПТЕМВРИ“

На 8 септември 2019 година (недела), во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди од областа на спортот за 2019 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе по повод „Денови на Св. Мајка Тереза...

Петок, 23 август 2019 година

Положување свежо цвеќе

По повод „Денови на Св. Мајка Тереза“, Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Снежана Калевска, Реџаил Исмаили и Жаклина Пешевска, ќе положи цвеќе на денот на 109 годишнината од раѓањето на Гонџа Бојаџиу - Св. Мајка Тереза на 26 август 2019 година (понеделник)во 10:00 часот, пред Спомен плочата на местото на раѓањето на Св. Мајка Тереза (пред ГТЦ ) и споменикот на Св. Мајка Тереза.

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ - ДЕНОТ НА АРМИЈАТА 2019...

Среда, 14 август 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 

По повод одбележување на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, 18 Август, делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Илија Николовски, Татјана Прентовиќ, Весна Дамчевска-Илиевска и Магдалена Манаскова, на 16 август 2019 година (петок), во 12:00 часот, на градските гробишта Бутел, ќе положат четири венци свежо цвеќе и тоа на:

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе 8.8.19...

Среда, 7 август 2019 година

Положување свежо цвеќе

По повод одбележувањето на 18-годишнината од трагичната смрт на десетмината резервисти од Прилеп, на 8 август 2019 година (четврток), Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Кети Смилеска и Анета Симеска-Димеска, ќе положи свежо цвеќе:

Прочитај повеќе
1...456...21                      
Click