ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ - ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА 2...

Четврток, 1 август 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ - ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Северна Македонија, на 2 август 2019 година (петок), ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:

Прочитај повеќе

Јавна расправа за Предлогот на законот за основното образов...

Четврток, 25 јули 2019 година

Јавна расправа за Предлогот на законот за основното образование

Комисијата за образование, наука и спорт на 34. седница, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за основното образование. Јавната расправа ќе се одржи на 26 јули (петок) 2019 година, со почеток од 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 26.7.19...

Среда, 24 јули 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Зеќир Рамчиловиќ, Снежана Калеска-Ванчева, Тања Ковачев, Весна Дамчевска-Илиевска, Бранко Манојловски и  Јулиана Николова, по повод 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 2019 година (петок), во 10:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот-Бутел.

Прочитај повеќе

Учество на пратеничката Шпреса Хадри на Конференција на пре...

Петок, 19 јули 2019 година

Учество на пратеничката Шпреса Хадри на Конференција на претседателите на Комисиите за европски прашања на државите членки на ЕУ - КОСАK

Во рамките на Финското претседателство со Европската Унија, членот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Шпреса Хадри, од 21 јули до 23 јули 2019 година ќе учествува на  Конференција на претседателите на парламентарните комисии за европски прашања на земјите членки на ЕУ - КОСАК, што ќе се одржи во Хелсинки, Финска.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација во официјална посета на Комисијата за...

Петок, 5 јули 2019 година

Собраниска делегација во официјална посета на Комисијата за човекови права, родова рамноправност, исчезнати лица и петиции на Косовското собрание

Делегација од  Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонијa, во состав: Фадил Зендели, Сашко Атанасов, Мирсада Емини-Асани, Трајчо Димков, Панчо Минов, Ирена Стефоска, Слаѓана Митовска и Зеќир Рамчиловиќ, претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, на 8 јули 2019 година ќе оствари официјална посета на Комисијата за човекови права, родова рамноправност, исчезнати лица и петиции на Собранието на Република Косово.

Прочитај повеќе

Годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Луксембург ...

Среда, 3 јули 2019 година

Годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Луксембург

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови  на Делегацијата, ќе учествува на 28. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од 4 до 8 јули 2019 година во Луксембург. 

Прочитај повеќе

ИППГ за правата на ЛГБТИ луѓето се придружува на првиот Ско...

Петок, 28 јуни 2019 година

ИППГ за правата на ЛГБТИ луѓето се придружува на првиот Скопје Прајд

Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ луѓето се придружува на првиот Скопје Прајд, на 29 јуни 2019 година.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе 30.6.19...

Петок, 28 јуни 2019 година

Положување свежо цвеќе

По повод 70 години од крајот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949), на 30 јуни 2019 година (недела), во 10:00 часот, Собраниска делегација составена од пратениците Татјана Прентовиќ и Трајчо Димков, на покана на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци во Паркот Жена борец.

Прочитај повеќе

Потпретседателката Ременски и генералната секретарка Иванов...

Петок, 28 јуни 2019 година

Потпретседателката Ременски и генералната секретарка Иванова на Меѓународен форум во Москва

Потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска Ременски и генералната секретарка Цветанка Иванова ќе учествуваат на Вториот меѓународен форум „Развој на парламетаризмот“, што ќе се одржи од 1 до 3 јули 2019 година во Москва, во организација на Државната дума на Федералното собрание на Руската Федерација. 

Прочитај повеќе

Пратеникот Никола Попоски на Летната сесија на ПССЕ...

Понеделник, 24 јуни 2019 година

Пратеникот Никола Попоски на Летната сесија на ПССЕ

Од 24 до 28 јуни 2019 година во Стразбур се одржува редовната летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која во својство на член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, учествува пратеникот Никола Попоски. 

Прочитај повеќе
1...567...21                      
Click