Петок, 31 мај 2019 година
Собраниска делегација на Пролетната сесија на ПС НАТО
Во рамките на редовните заседанија на ПС на НАТО, на Пролетната сесија што ќе се одржи од 31 мај до 3 јуни 2019 г. во Братислава, Словачката Република, ќе учествува Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и членовите на Делегацијата - Катерина Кузмановска и Весел Мемеди, потпретседател на Собранието.