Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

 

 

Ханџиски Благој 

 

 

 

 

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). 

Бил член на Централниот комитет на СКМ и СКЈ од 1988 до 1990 година. Генерален секретар на СДСМ од 1993 до 1995 година. Потпретседател на СДСМ од 1995 до 1998 година. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска.

Роден 1948 година во с. Владимирово, Берово, РМ. Македонец. Завршил Електротехнички факултет, доктор по електротехнички науки. Работел како електроинженер во Рудници и железарница Скопје. Бил вработен во Трговското претпријатие "Славија" Скопје. Од 1973 година е вработен на Електротехничкиот факултет како редовен професор. Добро го знае англискиот јазик, а се служи со францускиот и рускиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во мандатот од 1990 до 1994 година. Живее во Скопје.