Вељаноски на средба со г. Шимон Перез...



Четврток, 23 декември 2010 година, Ерусалим

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ИЗРАЕЛ, Г. ШИМОН ПЕРЕЗ

Претседателот Вељаноски уште еднаш изрази задоволство од топлиот и срдечен прием, потенцирајќи дека Државата Израел во Република Македонија има искрен пријател кој води сметка за нејзините витални интереси. Република Македонија како членка на НАТО и Европската унија ќе биде поддржувач на Државата Израел. Искажувајќи задоволство од високото ниво на остварени посети оваа година, претседателот нагласи дека тоа е показател за интензивниот развој на односите меѓу двете земји.

Прочитај повеќе

Обраќање на потпретседателот, 23.12.2010...



Четврток, 23 декември 2010 година

Обраќање на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, по повод одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Охридскиот чудотворец Свети Наум Охридски

Свети Наум и неговото дело заедно со делото на Свети Климент Охридски, во суштина претставуваат континуитет на делото на нивните учители Светите браќа Кирил и Методиј, кои на јужнословенските народи им ја донесоа писменоста на мајчин јазик, со што и божјата беседа стана многу поразбирлива и поприфатлива

Прочитај повеќе

49 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Четврток, 23 декември 2010 година

Четириесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија на вчерашната 49. седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата

Прочитај повеќе

Прво продолжение на 55 седница на Комисијата за економски п...



Четврток, 23 декември 2010 година

Прво продолжение на Педесет и петтата седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија вчера го одржа првото продолжение од својата Педесет и петта седница, на кое како матично работно тело разгледа шест Предлог-закони.

Прочитај повеќе

Вељаноски средба со Р.Ривлин...



Среда, 22 декември 2010 година, Ерусалим

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ СРЕДБА СО СВОЈОТ КОЛЕГА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИЗРАЕЛСКИОТ КНЕСЕТ, Г. РЕУВЕН РИВЛИН

 „Пријателските односи меѓу Македонија и Израел се потврдија со топлиот и срдечен прием кој беше организиран на највисоко ниво. На тој начин дадовме порака дека односите меѓу двете земји се на такво ниво на кое би позавиделе други држави“ изјави претсетаделот Вељаноски.

Прочитај повеќе

55 седница на Комисијата за економски прашања 22.12.10...



Среда, 22 декември 2010 година

Педесет и петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија вчера ја одржа својата Педесет и петта седница, на која како матично работно тело ги разгледа: Предлогот на законот за енергетика (прво читање); Предлогот на Одлука за давање на согласност на утврдената стапка на надомест од вкупниот приход на друштвата кои вршат енергетска дејност за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2011 година и Предлогот на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2011 година

Прочитај повеќе

Средба на собраниска делегација со г. Авигдор Либерман...



Вторник, 21 декември 2010 година, Ерусалим

Средба на собраниска делегација, предводена од претседателот Вељаноски, со министерот за надворешни работи и вицепремиер на Државата Израел, г. Авигдор Либерман

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во чиј состав се и пратениците г. Павле Трајанов, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентот на Државата Израел, г-ѓа Славица Грковска и г. Џеват Адеми членови на групата, во првиот дел од официјалната посета на Државата Израел, оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Државата Израел, г. Авигдор Либерман

Прочитај повеќе

Датумот за членство на Македонија во ЕУ ќе се дискутира за ...



Петок, 17 декември 2010  година

Датумот за членство на Македонија во ЕУ ќе се дискутира за време на унгарското претседателство

Пристапните преговори за  добивање на датум за членство на Македонија во Европската унија ќе се дискутираат за време на унгарското претседателство со Унијата, кое почнува од 1 јануари 2011 година, беше заклучено на вториот ден од Самитот на лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, за време на кој Црна Гора доби статус земја-кандидат за членство во ЕУ.

Со ова, шефовите на држави и влади на ЕУ само го прифатија заклучокот на Министерскиот совет од 14 декември.

„Продолжувањето на добрососедските односи, вклучувајќи и заедничко прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН е од суштинско значење. Советот го поздравува воспоставениот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Грција и очекува тој наскоро да донесе резултати“, стои во заклучокот.

Од Македонија се бара да продолжи со реформите во судството, јавната администрација, спроведувањето на Охридскиот договор, со борбата против корупцијата, да направи напредок во однос на политичкиот дијалог, слободата на изразување и бизнис климата.

Прочитај повеќе

Средба на потпретседателот Светлана Јакимовска, 16.12.2010...



Четврток, 16 декември 2010 година

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска со делегација на Државната дума на Руската Федерација

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска денеска оствари средба со делегација на Државната дума на Руската Федерација, предводена од претседателот на Комисијата за меѓународни работи на државната Дума на Руската Федерација, г. Константин Косачев

Прочитај повеќе

Политичката поддршка од Русија е значајна за Македонија 16....



Четврток, 16 декември 2010 година

Политичката поддршка од Русија е значајна за Македонија

Во македонскиот законодавен дом, претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи и членовите на Kомисијата: г. Игор Ивановски, г-ца Христина Рунчева, г. Александар Николоски, г. Павле Трајанов, г. Васко Шутаров и г-ѓа Лилјана Поповска, остварија средба со делегација на Државната дума на Руската Федерација, предводена од претседателот на Комисијата за меѓународни работи, г. Константин Косачев

Прочитај повеќе

Среда Ѕинго со Косачев 16.12.10...



Четврток, 16 декември 2010 година

Средба на претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, г. Љубисав Иванов Ѕинго, со претседателот на Комисијата за меѓународни работи, г. Константин Косачев

Во своето воведно излагање претседателот, г. Љубисав Иванов Ѕинго упати поздрав до делегацијата на Државната дума на Руската Федерација, заблагодарувајќи се за поддршката што ѝ ја дава Русија на Македонија, имајќи ја предвид значајната улога која ја има таа на меѓународната сцена.

Прочитај повеќе

ЕДИНАЕСЕТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН ...



Среда, 15 декември 2010 година

ЕДИНАЕСЕтТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ – ЕДНА ГОДИНА ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ПРВИОТ БРОЈ

На 15 декември 2010 година, во пресрет на новогодишните и божикните празници, излезе новиот, 11-ти број на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет. Во Билтенот е поместено обраќање на ко-претседавачот, пратеникот Александар Спасеновски до колегите европратеници, како и до другите личности кои го добиваат Билтенот, како и една фото-репортажа од најзначајните меѓународни активности на македонскиот законодавен дом во изминатите 365 дена

Прочитај повеќе

87 седница на Комисијата за финансирање и буџет 15,12,10...



Среда, 15 декември 2010 година

Осумдесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Осумдесет и седма седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (по скратена постапка)

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 13.12.10...



Понеделник, 13 декември 2010 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 13 до 16 декември Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се дискутира за актуелната ситуација со „Викиликс“, ќе се гласа за буџетот на Европската унија за 2011 година и ќе се расправа за годишниот извештај на Парламентот за состојбата на човековите права во светот.

Прочитај повеќе

Истанбул, 11.12.2010...



Сабота, 11 декември 2010 година, Истанбул

Балканското интегрирање во евроатлантските структури гарант за мирот и стабилноста на Западен Балкан

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија,  г-ѓа Теута Арифи,  и членовите на комисијата, г-ѓа Флора Кадриу, г. Васко Шутаров и г.Назиф Буши за време на официјална посета на Република Турција, беа примени од министерот за надворешни работи на турската влада, г. Ахмет Давутоглу

Прочитај повеќе
123...24                         
Click