Европарламентот ја одобри новата Еврокомисија...

Среда, 22 октомври 2014 година

Европарламентот ја одобри новата Еврокомисија

Европскиот парламент, со 423 гласа „за“, 209 „против“ и 67 „воздржани“, го одобри новиот состав на Европската комисија, сочинет од 27 комесари, предводени од новиот претседател, г. Жан-Клод Јункер.

Прочитај повеќе

Договор за партнерство меѓу Европската комисија и УЕФА ...

Среда, 15 октомври 2014 година

Договор за партнерство меѓу Европската комисија и УЕФА 

Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо; еврокомесарот за спорт, г-ѓа Андрула Василиу и претседателот на УЕФА, г. Мишел Платини, потпишаа тригодишен Договор за партнерство меѓу Европската комисија и УЕФА (Унија на европски фудбалски асоцијации). 

Прочитај повеќе

Шеста препорака за Македонија за почеток на преговорите за ...

Среда, 8 октомври 2014 година

Шеста препорака за Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ

Еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, го објави годишниот Извештај за напредокот на Република Македонија за периодот од октомври 2013 до септември 2014 година, во кој Европската комисија по шести пат во низа дава препорака нашата земја да ги започне преговорите за членство во Европската унија.

Прочитај повеќе

Тројца кандидати за наградата „Сахаров“ 2014...

Среда, 8 октомври 2014 година

Тројца кандидати за наградата „Сахаров“

Проевропското украинско движење „EuroMaidan“, гинекологот Денис Муквег и активистката Лејла Јунус, ја победија конкуренцијата од седумте номинирани и станаа финалисти за наградата „Сахаров“ за слобода на мислата – објавија Комисииите за надворешни работи и за развој на Европскиот парламент.

Прочитај повеќе

Македонија го очекува годишниот извештај за напредокот 2014...

Среда, 8 октомври 2014 година

Македонија го очекува годишниот извештај за напредокот

Денеска, на пладне, во Европскиот парламент во Брисел, еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, ќе го објави годишниот извештај за напредокот на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Јенс Столтенберг - нов генерален секретар на НАТО...

Четврток, 2 октомври 2014 година

Јенс Столтенберг - нов генерален секретар на НАТО

Поранешниот норвешки премиер и лидер на Лабуристичката партија на Норвешка, г. Јенс Столтенберг, е назначен за 13. генерален секретар на НАТО, како наследник на г. Андерс Фог Расмусен.

Како топ приоритети на идниот прв човек на Северноатланската алијанса се наведуваат политички и воено силно НАТО, стабилно соседство и силна врска меѓу Европа и Северна Америка. 

Прочитај повеќе

Номинации за наградата „Сахаров“ 2014...

Среда, 24 септември 2014 година

Номинации за наградата „Сахаров“

Европскиот парламент ги објави имињата на номинираните за наградата „Сахаров“, која ја доделува секоја година за слобода на мислата.

Прочитај повеќе

Изгласан Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина...

Вторник, 16 септември 2014 година

Изгласан Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина

Европскиот парламент и Украина преку симултано гласање го изгласаа Договорот за асоцијација, кој значи политичко здружување и слободна трговија меѓу Европската унија и Украина. 

Прочитај повеќе

Избран новиот состав на Европската комисија...

Четврток, 11 септември 2014 година

Избран новиот состав на Европската комисија

Претседателот на Европската комисија, г. Жан-Клод Јункер, го претстави новиот состав на Еврокомисијата, кој брои 28 члена, колку што има и земји-членки на Европската унија. Од нив, девет се жени како наложен минимум од страна на Европскиот парламент. 

Комесар за проширување на ЕУ ќе има и во наредните пет години и покрај шпекулациите за укинување на оваа функција, иако, според најавите, во овој период ниту една земја нема да стане ЕУ членка. Наследник на досегашниот еврокомесар за проширување Штефан Филе, ќе биде Австриецот Јоханес Хан. 

Прочитај повеќе

Висок квалитет на водите за капење во ЕУ 29.7.14...

Вторник, 29 јули 2014 година

Висок квалитет на водите за капење во ЕУ

Според Извештајот на Европската агенција за животна средина за 2013 година, квалитетот на водите за капење во Европа е значително висок, дури 94% од нив ги исполнуваат минималните стандарди според Директивите на ЕУ. Кипар, Луксембург, Малта, Хрватска и Грција се топ пет земјите кои имаат највисок квалитет на водите за капење. 

Прочитај повеќе
1...6789          
Click