Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Шаланда Јанг, директ...

Понеделник, 29 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Шаланда Јанг, директор на Секторот на Комисијата за буџет во службата на Претставничкиот дом на САД и г-ѓа Кристи Џ.Антони, раководител на Одделот за буџетско планирање  

На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери со делегацијата на претставниците од буџетскиот сектор во Претставничкиот дом на САД, г-ѓа Шаланда Јанг и г-ѓа Кристи Џ.Антони, беа разменети неколку информации и мислења на претседателот околу нашата заедничка понатамошна определба за осамостојување на Собранието на Република Северна Македонија како највисок законодавен дом и негова поголема самостојност во рамките на политичкиот систем на земјата. 

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ФИЛИП РИКЕР, В.Д ПОМОШНИК...

Петок, 26 јули 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ФИЛИП T. РИКЕР, В.Д ПОМОШНИК ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД ЗА ЕВРОПСКИ И ЕВРОАЗИСКИ ПРАШАЊА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со Филип T. Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања а присуствуваше и Амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз. На средбата беа разменети мислења околу актуелните активности во делот на евроатланските интеграции и членството на Република Северна Македонија во НАТО и во ЕУ, како и за билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и САД.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со новоименуваната амбасадор...

Среда, 24 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваната амбасадорка на Црна Гора, Н.Е. Марија Петровиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, се сретна со новоименуваната амбасадорка на Црна Гора во Република Северна Македонија, г-ѓа Марија Петровиќ.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со амбасадорката на Народна ...

Среда, 24 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорката на Народна Република Кина, Н.Е. Јин Лишиан

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Н.Е. Јин Лишиан, чија дипломатска мисија во Република Северна Македонија завршува на крајот на месец јули. На средбата беа присутни и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и претседателката на пратеничката група за соработка со парламентот на Народна Република Кина, Владанка Авировиќ.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО НОВИМЕНУВАНАТА АМБАСАДОРК...

Вторник, 23 јули 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО НОВОИМЕНУВАНАТА АМБАСАДОРКА НА САД КЕЈТ МAРИ БРНЗ

Претседателот Џафери, упатувајќи и честитки за нејзиното именување на функцијата, изрази надеж за продолжување на одличната соработка со Амбасадата и нејзините претставници, особено поради фактот што САД се наш стратешки партнер со кои негуваме децениски блиски и пријателски билатерални односи. 

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ДИРЕКТОРОТ НА НДИ ДЕРЕК М...

Петок, 19 јули 2019 година, Вашингтон

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ДИРЕКТОРОТ НА НДИ ДЕРЕК МИЧЕЛ

Во рамки на учеството на претседателот Џафери заедно со делегацијата од Собранието на Република Северна Македонија на Парламентарниот форум за лидерство во Вашингтон, директорот на Националниот Демократски Институт, г. Дерек Мичел организираше заедничка средба на претставниците на парламентите на сите земји учесници на форумот. На средбата, г. Мичел им даде простор на претставниците на секоја земја поединечно да ја презентираат актуелната ситуација во нивните земји.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОЛ ФУФЕР...

Петок, 19 јули 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОЛ ФУФЕР, ВИСОК ПРЕТСТАВНИК НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ЈУЖНА И ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Во рамките на Форумот за демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, заедно со потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија Фросина Ташевска Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, остварија средба и со Пол Фуфер, висок претставник на канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со членови на здружението Ди...

Вторник, 9 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со членови на здружението Диван и претставници од Бошњачки национален совет и Бошњачкиот демократски сојуз             

Денешната средба на здружението ,,Диван“ кое е невладина организација од областа на културата, одржување на заедничките вредности и унапредување на правата на Бошњаците, претставниците од Бошњачкиот национален совет и Бошњачкиот демократски сојуз со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија беше по повод одбележувањето на дваесет и четири годишнината од геноцидот во Сребреница, БиХ. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Комисија...

Недела, 7 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом на Конгресот на САД

Нашата држава, подвлече Џафери, досега и во иднина, во САД гледа најважен  стратешки партнер кој во континуитет не поддржува на секој план, не само нас туку и целиот регион.
Прочитај повеќе

ЧЕСТИТКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСН...

Петок, 5 јули 2019 година

ЧЕСТИТКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА ВЕНЕЦУЕЛА - 5 ЈУЛИ

Дозволете ми да изразам срдечни честитки за Националниот празник на независноста на Боливарската Република Венецуела, денот на кој се слави годишнината од донесувањето на Декларацијата за независност од 1811 година, со што земјата стана првата шпанска колонија во Јужна Америка која прогласи независност.

Прочитај повеќе
1...789...40                                         
Click