Собраниска делегација на состанок посветен на енергетската ...

Вторник, 19 февруари 2019 година

Собраниска делегација на состанок посветен на енергетската ефикасност во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Агим Шаќири, заменик-претседател и г. Хари Локвенец, член на Комисијата за економски прашања денеска ќе учествува на состанок посветен на енергетската ефикасност во организација на Енергетската заедница и на Парламентарен форум за Југоисточна Европа за Енергетска ефикасност и клима во организација на Германското здружение за соработка кои се одржуваат во Брисел, Кралството Белгија. 

Прочитај повеќе

Парламентарна делегација во студиска посета на Штабот на НА...

Понеделник, 4 февруари 2019 година

Парламентарна делегација во студиска посета на Штабот на НАТО и Врховните штабни здружени сили за Европа 

На покана на Секретаријатот на Патламентарното собрание на НАТО, на 4 и 5 февруари 2019 година, во Брисел, Кралството Белгија, Делегација од Собранието на Република Македонија ќе оствари студиска посета на Штабот на НАТО и Врховните штабни здружени сили (SHAPE).

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на...

Петок, 1 февруари 2019 година

Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија на 9. седница на 4 февруари 2019 година, во 12:00 часот, во Сала на Уставна комисија, ќе одржи Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година.

Прочитај повеќе

Работна средба со членовите на Комисијата за селекција на к...

Среда, 30 јануари 2019 година

Работна средба со членовите на Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Согласно членот 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Македонија“ број 12/2019), Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 29.1.2019 година ја формираше Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Прочитај повеќе

Парламентарна делегација на Конференција „Комуникација со г...

Понеделник, 28 јануари 2019 година

Парламентарна делегација на Конференција „Комуникација со граѓаните, како да се развие сеопфатна комуникациска стратегија од Парламентот“

Утре, во Брисел, ќе се одржи интерпарламентарна конференција на тема: „Комуникација со граѓаните, како да се развие сеопфатна комуникациска стратегија од Парламентот“, организирана од Групата за поддршка на демократијата и координација на изборите во соработка со Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Зимска сесија на ПССЕ 21.1.19...

Понеделник, 21 јануари 2019 година

Собраниска делегација на Зимска сесија на ПССЕ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на Делегацијата Бетиан Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Африм Гаши, ќе учествуваат во Првиот дел од редовната зимска сесија на ПС на СЕ, што се одржува во Стразбур, Франција од 21 до 25 јануари 2019 година.

Прочитај повеќе

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА НА КОНФЕРЕНЦИЈ...

Петок, 18 јануари 2019 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУКУРЕШТ

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: Јагода Шахпанска, Агим Шаќири и Жаклина Пешевска, ќе учествува на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите членки на Европската Унија (КОСАК), што ќе се одржи од 20 до 21 јануари 2019 година во Букурешт, Република Романија.

Прочитај повеќе

Панел дискусија на Комисијата за одбрана и безбедност...

Петок, 18 јануари 2019 година           

Панел дискусија на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност, во соработка со Министерството за одбрана и амбасадата на Република Словенија во Република Македонија организираат панел дискусија која ќе се одржи на 21 јануари 2019 година од 14:30 до 15:02 часот.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените ...

Петок, 21 декември 2018 година

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на 25 декември 2018 година, во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ ќе одржи Јавна расправа на тема: Поддршка при имплементација на социјални политики, мерки и буџет за еднородителски семејства. Јавната расправа е во соработка со Клубот на пратенички, а на иницијатива на Граѓанската организација за еднородителски семејства „Една може“ Скопје.                  

Прочитај повеќе

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МИТО ХАЏИ ВАСИЛЕВ-ЈАСМИН“ ...

Вторник, 18 декември 2018 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МИТО ХАЏИ ВАСИЛЕВ-ЈАСМИН“

На 21 декември 2018 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2018 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката и се доделува на Марина Костова, публицист, а за остварување во областа на новинарството на Емин Аземи, новинар.

Прочитај повеќе
1...91011...21                      
Click