Џафери во Кина: Акцент на економската соработка...

Среда, 19 јуни 2019 година

Џафери во Кина: Акцент на економската соработка

На средбата со потпретседателот на Националниот комитет на Народната политичка консултативна конференција г. Џанг Чингли, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Талат Џафери кој ја предводи собраниската делегација во официјална посета на Народна Република Кина, истакна дека минатогодишната посета на г. Џанг на Република Северна Македонија и оваа возвратна посета го покажуваат заедничкиот интерес за натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката.

Прочитај повеќе

ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА СИЛЕН ПРИДОНЕС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОДНОС...

Вторник, 18 јуни 2019 година

ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА СИЛЕН ПРИДОНЕС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ, ОЦЕНИ ЛИ ЏАНГШУ

Во текот на официјалната посета на Народна Република Кина, претседателот Џафери, придружуван од потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ Јован Митрески, на ДУИ Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, претседателката на Пратеничката група за соработка со Народна Република Кина, Владанка Авировиќ и генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, во Пекинг се сретнаа со претседателот на Секинеското Народно Собрание Ли Џангшу.

Прочитај повеќе

Учество на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен Удар“...

Понеделник, 17 јуни 2019 година

Учество на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен Удар“

Целта на вежбата е подобрување на интероперабилноста на Армијата на Република Северна Македонија со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД, како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество. 
Прочитај повеќе

Работна група на Собранието во посета на Казнено-поправната...

Понеделник, 17 јуни 2019 година

Работна група на Собранието во посета на Казнено-поправната установа Затвор Охрид

Членови на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, односно на Работната група за посета на казнено-поправните установи во Република Северна  Македонија, на 13 јуни  2019 година, во рамките на своите надлежности, реализираа посета на Казнено поправната установа Затвор Охрид. Во состав на групата беа: Фадил Зендели, претседател на Комисијата,  Трајчо Димков, Панчо Минов и Слаѓана Митовска.  Во рамките на посетата, Работната група реализира средба со в.д. директорот Ристе Недески , и со дел од раководната структура на Затворот.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Јунху, претседател на Шан...

Понеделник, 17 јуни 2019 година

Средба на претседателот Џафери со Јунху, претседател на Шангајскиот комитет на Кинескиот народен политички консултативен совет

Претседателот Џафери изрази задоволство што односите меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување а фактот што официјалната посета на НР Кина започнува во Шангај, го оцени како своевидно охрабрување за продлабочување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина. 
Прочитај повеќе

Процесот на пристапувањето кон ЕУ е процес на демократија...

Четврток, 13 јуни2019 година

Процесот на пристапувањето кон ЕУ е процес на демократија

Делегација од германскиот Бундестаг, предводена од претседателот на Парламентарната група, Јосип Јуратовиќ денеска во Собранието на Република Северна Македонија остварија средба со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Сојузна Република Македонија, како и Комисиите за европски прашања и надворешна политика.

Прочитај повеќе

Јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополн...

Четврток, 13 јуни 2019 година

Јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри        

Во дискусијата беа изнесени различни ставови, мислења и предлози по однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри.
Прочитај повеќе

Работна средба на претседателот Џафери со делегација од гер...

Четврток, 13 јуни 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со делегација од германскиот Бундестаг

Претседателот на почетокот на средбата им посака добредојде и изрази искрена благодарност на Бундестагот за ратификацијата на Пристапниот протокол на нашата земја за членство во НАТО и ги информираше почитуваните пратеници дека досега 17 земји го ратификувале пристапниот протокол. 
Прочитај повеќе

Ратификација на Протоколот за НАТО во естонскиот парламент ...

Среда, 12 јуни 2019 година

Ратификација на Протоколот за НАТО во естонскиот парламент  

Денешниот ден е крунисан со убава вест, односно, Парламентот на Република Естонија го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и со тоа станува седумнаесеттата земја членка на НАТО која и укажува доверба на нашата земја. 

Со овој значаен гест, Република Естонија се вбројува во низата земји членки на НАТО кои придонесуваат во остварувањето на нашата стратешка определба за полноправно членство во НАТО и за тоа сме бескрајно благодарни.  
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Јероним Базо, директор на...

Среда, 12 јуни 2019 година

Средба на претседателот Џафери со Јероним Базо, директор на РАКВИАК - Центарот за безбедносна соработка

Претседателот Џафери, се заложи за продлабочување на воспоставената соработка со Регионалниот центар за контрола и верификација на вооружувањето и помош во имплементацијата.
Прочитај повеќе
1...293031...117                                                                                                                      
Click