Поздравно обраќање на претседателот Џафери на Конференцијат...

Четврток, 20 септември 2018 година

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на млади лидери на тема „Премостување на празнината меѓу младите и политиката“ 

Дозволете на самиот почеток, на сите наши гости да им посакам пријатен престој во Скопје, во Собранието на Република Македонија и секако да ви посакам успешна работа на конференцијата која започнува денес и на која според работниот наслов „Премостување на празнината“, ќе се расправа за Дијалогот на високо ниво за политичкото учество на младите и младинските политики со пратениците од Западен Балкан. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција на тема „Н...

Вторник, 18 септември 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција на тема „НАТО интеграцијата - предуслов за безбедност и развој“

Лично ми причинува особено задоволство што можам да учествувам на оваа конференција со која и формално се означува почетокот на петнаесет неделна школа на која учесниците ќе се запознаат со прашања врзани со безбедноста, одбраната и интеграциите во НАТО. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Маршот „За европска Мак...

Недела, 16 септември 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Маршот „За европска Македонија“

Денес сме тука заедно за да испратиме силна порака за неопходноста од овој процес, што се очекува да се круниса со референдумот од 30-ти септември, кога нашата свест како граѓани, меѓутоа и како родители и соседи ќе има поцелосна смисла, затоа што нашата заедничка татковина – Македонија, конечно ќе се вброи во семејството на цивилизирани народи, како во политички и економски аспект, исто така и во безбедносен аспект.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на...

Петок, 7 септември 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Осми септември, заедно со двата Илиндена како што народски ги нарекуваме, се троножецот врз кој е поставена и се развива Република Македонија. Ако генерациите илинденци од Илинден 1903 и Илинден 1944 година се бореа храбро, решително и визионерски, а многу од нив при тоа ги дадоа и своите животи, граѓаните на 8-ми септември 1991-ва година исто така храбро, визионерски и масовно гласаа на референдумот и се определија за независна и самостојна Република Македонија. 
Прочитај повеќе

Прес-конференција на претседателот Џафери...

Петок, 7 септември 2018 година

Прес-конференција на претседателот Џафери

Собранието на Република Македонија и пратениците имаат чест и одговорност да бидат овластен носител на кампањата за референдумот закажан за 30 септември 2018 година. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на...

Четврток, 2 август 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката 

2 Август или Илинден е еден од темелните датуми во историјата на Република Македонија и нејзините граѓани кои се бореле и го положиле најдрагоценото, својата младост, своите животи за да ја создадат нашата заедничка држава, Република Македонија. Без разлика дали станува збор за Илинден 1903-та, односно Крушевската Република, или пак за Илинден 1944-та, односно заседанието на АСНОМ, кога се поставени темелите на државотворноста, сите тие генерации имале една единствена цел, слободна, независна држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе биде подеднакво за сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или која било друга карактеристика. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Комеморативна седница п...

Петок, 27 јули 2018 година 

Обраќање на претседателот Џафери на Комеморативна седница по повод смртта на истакнатиот албански деец, Адем Демачи  

Денеска, тука сме собрани по еден повод што нè растажи сите нас што сме имале среќа да живееме во исто време кога живеел и националниот херој, симболот на националниот отпор, патоказот и гласот на националната совест, заштитникот на правата и слободите на неалбанските малцинства, слободољубецот и родољубот, визионерот и истакнатиот писател, Адем Демачи.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери, на 3. Самит на спикери на...

Четврток, 12 јули 2018, Варшава

Обраќање на претседателот Џафери на 3. Самит на спикери на Парламенти на Централна и Источна Европа на тема „Парламентите во меѓународните политики“ 

Во последниве 30 години од паѓањето на железната завеса со која Европа беше поделена на два идеолошки антагонистички блока, многу работи се променија. Ние, државите и народите од Југоисточна Европа кои бевме од другата, јас би рекол темната страна, во овие триесет години на транзиција сепак успеавме да ги вратиме во нашето секојдневие многу цивилизациски и демократски принципи и стандарди кои поради идеолошки причини ни беа забранети, и тука мислам на почитувањето на индивидуалните човекови права и слободи. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод отворањето на 27....

Петок, 6 јули 2018 година, Струга 

Обраќање на претседателот Џафери по повод отворањето на 27. Фестивал на преработени и стилизирани песни „Кенге јехо“

Задоволство ми е вечерва да бидам тука помеѓу вас, тука во Струга, покрај Црн Дрим, во својство на претседател на Собранието на Република Македонија, опколен со вас, љубители на убавите народни песни и ора.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 98. РОС-РОТ семинар...

Среда, 27 јуни 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на 98. РОС-РОТ семинар 

На самиот почеток, би сакал на нашите гости да им посакам пријатен престој кај нас, а секако и на сите учесници, да им посакам успешна работа. За мене, како претседател на Собранието на Република Македонија, е посебно задоволство што откако во 1994 година станавме асоцијативна членка на Парламентарното собрание на НАТО, сега, веќе по седми пат, Собранието на Република Македонија е домаќин на Рос-Рот семинарот. 
Прочитај повеќе
1...678...13              
Click