Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомв...

Вторник, 10 октомври 2017 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, пратеници од Собранието на Република Македонија, на 11.10.2017 година (среда), ќе положат свежо цвеќе во Прилеп, Скопје и Куманово, и тоа:

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „11 Октомври“, 2017...

Понеделник, 9 октомври 2017 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2017 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2017 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Промоција на кандидатки за градоначалнички во Република Мак...

Среда, 4 октомври 2017 година

Промоција на кандидатки за градоначалнички во Република Македонија

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во соработка со Националниот демократски институт НДИ,  организира: Промоција на кандидатки за градоначалнички во Република Македонија.

Промоцијата ќе се одржи на 6 октомври  2017 година, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија, со  почеток во 12.00 часот.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ...

Понеделник, 2 октомври 2017 година

Собраниска делегација на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ); Јагода Шахпаска и Фадил Зендели, членови на Делегацијата, ќе учествува на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од 3 до 5 октомври 2017 година во Андора. 

Прочитај повеќе

Собраниска Делегација на Интерпарламентарна конференција за...

Четврток, 28 септември 2017 година

Собраниска Делегација на Интерпарламентарна конференција за независна и современа јавна администрација

Делегација на Собранието на Република Македонија составена од пратенците: Хари Локвенец, Петар Атанасов и Невенка Стаменковска, од 28 до 29 септември 2017 година, ќе учествува на Интерпарламентарна конференција на тема: „Независна и современа јавна администрација“ во Даниловград, Црна Гора.

Прочитај повеќе

Положување венци свежо цвеќе, 8.9.2017...

Среда, 6 септември 2017 година

Положување венци свежо цвеќе

По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе и тоа:

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „8. Септември“, 2017...

Вторник, 5 септември 2017 година

Доделување на државната награда „8. Септември“

На 8 септември 2017 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 11.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8. Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2017 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници. 

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“ 2017...

Петок, 25 август 2017 година

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“

На 26 август 2017 година, (сабота), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели наградата „Мајка Тереза“ за 2017 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Прочитај повеќе

Положување цвеќе - Ден на Армијата ...

Четврток, 17 август 2017 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ

По повод 18 Август - Ден на Армијата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Максим Димитриевски, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска  и г. Илија Николовски, на 18 август 2017 година (петок), на градските гробишта „Бутел“ во 9.00 часот, ќе положи венци свежо цвеќе на: 

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе, 8.8.2017...

Понеделник 7 август 2017 година

Положување венец свежо цвеќе

По повод одбележувањето на настанот на Карпалак, на 8 август 2017 година, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венец свежо цвеќе и тоа:

Прочитај повеќе
1...18192021                      
Click