2009



Четврток, 3 декември 2009 година

Конференција во Мадрид посветена на Шпанското претседателство со ЕУ

На 3 и 4 декември во Мадрид се одржува Конференција на која ќе учествуваат претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, премиерот на Владата на Шпанија, г. Хозе Луис Родригес Запатеро, министри од шпанската влада, членови на Шпанскиот парламент и лидери на политичките групи во Европскиот парламент. На конференцијата се дискутира за Шпанското претседателство со ЕУ, кое започнува од 1 јануари 2010 година.

Шпанија е првата земја која го презема Претседателството со Советот на министри на  ЕУ по стапување на сила на Лисабонскиот договор. Шпанското претседателство треба да постави нови релации помеѓу европските институции  согласно  Лисабонскиот договор.

Click