ПРИОРИТЕТ НА ГЕРМАНСКОТТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО Е ОТПОЧНУВАЊЕТО Н...

Петок, 10 јули 2020

ПРИОРИТЕТ НА ГЕРМАНСКОТТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО Е ОТПОЧНУВАЊЕТО НА ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со новоименуваната и ополномоштена амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Анке Гизеле Холштајн.

Прочитај повеќе

Апел за помош на Западен Балкан во борбата против пандемија...

Четврток, 26 март 2020 година

Апел за помош на Западен Балкан во борбата против пандемијата на COVID– 19

Свесни за комплексноста на моменталната состојба и проблемите со кои се соочуваме како резултат на пандемијата со COVID– 19, овој заеднички Апел има за цел да ја нагласи моменталната многу неповолна состојба и предизвиците кои одат со неа за регионот на Западен Балкан; и во смисла на број на заразени и во смисла на недоволната здравствена опрема вo Регионот, неопходна за успешната превенција, третман и запирање на натамошното ширење на Коронавирусот (COVID– 19).

Прочитај повеќе

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ГО ПРОМОВИРАШЕ МАНДАТНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ...

Среда, 11 март 2020

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ГО ПРОМОВИРАШЕ МАНДАТНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА НЕГОВАТА РАБОТА

Денеска, на покана на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на промоцијата на Мандатниот извештај за неговото работење во текот на мандатниот период од мај 2017 до февруари 2020 година, беа присутни потпретседателите на Собранието: Мисовски, Ременска, Рамчиловиќ; координаторите Јован Митрески, Ејуп Алими; пратеникот Панчо Минов; генералната секретарка Цветанка Иванова; како и амбасадорите и претставниците на амбасадите на земјите членки на ЕУ и надвор од неа, и претставници од УСАИД и НДИ.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателката на Собран...

Петок, 6 март 2020

Средба на претседателот Џафери со претседателката на Собранието на Република Косово, Вјоса Османи

Во оваа пригода, претседателот Џафери ѝ честиташе на преземањето на новата должност на г-ѓа Османи, посакувајќи ѝ при тоа вршењето на новата должност, која е исклучително значајна, предизвикувачка и изискува безрезервна посветеност, сепак да ѝ причинува чест и задоволство, и секој постигнат успех, да ја охрабрува за надминување на следните предизвици. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Национал...

Четврток, 5 март 2020

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфганг Соботка

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфганг Соботка, кој престојува во еднодневна работна посета на државата. На средбата присуствуваа и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан  Мисовски; претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Австрија, Реџаиљ Исмаили и генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова.

Прочитај повеќе

ЏАФЕРИ: Собранието ги исполни сите реформски приоритети, се...

Петок, 21 февруари 2020 година

ЏАФЕРИ: Собранието ги исполни сите реформски приоритети, сега е ред на ЕУ да постапи по заслуга

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со европратениците Дачиан Чолос, претседател на Групата Обнови ја Европа и Илхан Ќучук, известител во Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО СТИПЕНДИСТ ВО ГЕРМАНСКИОТ...

Среда, 19 февруари 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО СТИПЕНДИСТ ВО ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со избраниот парламентарен стипендист во германскиот Бундестаг за 2020 година, Елена Митричка. На средбата присуствуваше и Мики Милковски, заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија; Катрин Фринсфелд, аташе за култура и Марија Мицевска-Кокаланова, координатор на ИПС програмата во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ГОСТИ НА ЗЕМ...

Вторник, 11 февруари 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ГОСТИ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО И БЛИСКИ СОСЕДИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во светло на одржувањето на свечената седница на Собранието на Република Северна Македонија по повод донесувањето на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари одделни средби со официјалните гости од земјите членки на НАТО, блиски соседи на Република Северна Македонија: г-ѓа Цвета Карајанчева, претседателка на Народното собрание на Република Бугарија; г-ѓа Василика Хиси, потпретседателка на Парламентот на Република Албанија; г. Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот на Црна Гора и г. Мирослав Туѓман, специјален претставник на претседателот на Хрватскиот сабор и шеф на Делегацијата на Саборот во ПС на НАТО.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Атила Местерхази...

Вторник, 11 февруари 2020

Средба на претседателот Џафери со г. Атила Местерхази, претседател на Парламентарното собрание на НАТО

По повод свечената седница на Собранието на Република Северна Македонија на која се донесе Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари средба со г. Атила Местерхази, вршител на должност претседател на ПС на НАТО, кој заедно со г-ѓа Руксандра Попа, генерален секретар на ПС на НАТО, беа официјални гости на оваа седница.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни ...

Вторник, 11 февруари 2020

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република Луиџи ди Мајо

Претседателот Џафери се заблагодари на силната и безусловна италијанската поддршка во сите клучни фази од евроатланските интеграции на нашата земја. Тој информираше за очекувањата и перспективите на Република Северна Македонија во контекст на НАТО и ЕУ, како и активностите на Собранието во пресрет на парламентарните избори. 
Прочитај повеќе
123...40                                         
Click