ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР ...

Петок, 30 септември 2016 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. МИЛАН ЈАЗБЕЦ 

Во оваа прилика, претседателот Вељаноски изрази задоволство од досегашната соработка со амбасадата на Република Словенија која се надева дека ќе продолжи и во иднина. Исто така, претседателот Вељаноски изрази благодарност за принципиелната поддршка која Македонија ја добива од Словенија во однос на евроатланската интеграција на земјата.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор ...

Четврток, 29 септември 2016 година

Претседателот Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Република Македонија, г. Кристиан Тимоние

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски на амбасадорот му посака успешна работа и желба да понесе добри впечатоци од Република Македонија. Двајцата соговорници изразија надеж дека досегашната успешна соработка со амбасадата на Француската Република ќе продолжи и во иднина.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор ...

Петок, 23 септември 2016 година

Претседателот Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, г. Димитрис Јанакакис

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари прва протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, г. Димитрис Јанакакис. Двајцата соговорници изразија задоволство од средбата и надеж за успешна соработка во иднина.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на ПССЕ,...

Петок, 16 септември 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на ПССЕ, г. Педро Аграмунт

Денеска во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти, која се одржува во Стразбур, Француската Република, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се сретна со домаќинот на Конференцијата, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Педро Аграмунт.

Прочитај повеќе

Прва официјална средба на претседателот на Македонскиот пар...

Четврток, 15 септември 2016 година

Прва официјална средба на претседателот на Македонскиот парламент со претседателот на Грчкиот парламент

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска, во рамките на Европската конференција на претседатели на Парламенти, која се оджува во Стразбур, оствари билатерална средба со претседателот на Парламентот на Република Грција, г. Николаос Вуцис.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот италиј...

Вторник, 6 септември 2016 година

Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот италијански амбасадор, Н.Е. Карло Ромео 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република, Н.Е. Карло Ромео. Претседателот Вељаноски му посака добредојде на новиот амбасадор и му посака успешна работа за време на неговиот мандат.

Прочитај повеќе

Билатерални средби на претседателот Вељаноски за време на П...

Среда, 31 август 2016 година, Варшава 

Билатерални средби на претседателот Вељаноски за време на Парламентарниот состанок на земји од Централно-Источна Европа 

На маргините на Парламентарниот состанок на земји од Централно-Источна Европа што се одржа во Варшава, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари повеќе билатерални средби со претседатели на парламенти кои учествуваа на состанокот.  

Прочитај повеќе

Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот ...

Четврток, 25 август 2016 година

Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Вен Џеншун

Денес, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари проштална средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Вен Џеншун. Двајцата соговорници изразија длабока благодарност и задоволство поради средбата.

Прочитај повеќе

Проштална средба на претседателот Вељаноски со шефот на Дел...

Вторник, 26 јули 2016 година

Проштална средба на претседателот Вељаноски со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Н.Е. Аиво Орав

Претседателот Вељаноски се заблагодари за постојаната поддршка која Собранието ја добива од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија. Соговорниците изразија надеж дека соработката ќе продолжи да се одвива на исклучително високо ниво и понатака, со взаемно разбирање и пријателство.
Прочитај повеќе

Билатерални средби на претседателот Вељаноски за време на Т...

Сабота, 11 јуни 2016 година, Софија

Билатерални средби на претседателот Вељаноски за време на Третата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ

Во рамките на третата Пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, претседателот на Собранието на Република Македонија оствари билатерални средби со претседателот на косовскиот парламент, г. Кадри Весели и со претседателот на Националното собрание на Словенија, г. Милан Брглеж.

Прочитај повеќе
123...10           
Click