Среда, 23 јуни 2021 година

ПРАТЕНИЧКИТЕ ПРАШАЊА СЕ ВСУШНОСТ ПРАШАЊА НА ГРАЃАНИТЕ

Собраниска делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, предводена од Игор Јанушев, шеф на Делегацијата и членовите: Моника Зајкова, Халил Снопче, Диме Велковски, Гордана Сиљановска-Давкова и Берат Ајдари, вчера попладне оствари средба со Ан Линде, министерка за надворешни работи на Кралството Шведска и претседавач со ОБСЕ.

повеќе...

 

Среда, 23 јуни 2021 година

ЕДИНСТВЕН ПАТ ЗА АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАЕДНИЧКИОТ ПАТ КОН ЕУ

Претседателот на Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, Изет Меџити  со членовите, вчера оствари средба со Мими Кодели, претседателка на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија и членовите на Делегацијата.

повеќе...

 

Вторник, 22 јули 2021 година

Собранието стана 13-та полноправна членка на ПАБСЕК

Денеска, преку видео-конференциска врска, се одржа 57-то Генерално собрание на Парламентарното Собрание на  Црноморската економска соработка (ПАБСЕК). На сесијата учествуваа пратениците: потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, шефот на Делегацијата на Собранието во ПАБСЕК, Лидија Тасевска и  Вјолца Адеми, член на Делегацијата.

повеќе...

 

Вторник, 22 јуни 2021 година

ЈУНСКА СЕСИЈА НА ПССЕ: РАБОТНА СРЕДБА СО КОИЗВЕСТИТЕЛОТ НА МОНИТОРИНГ КОМИСИЈАТА

Членовите на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Бисера Костадиновска Стојчевска,заменик шеф, Арта Биљали Зендели и Александар Николоски, членови, во текот на јунската сесија која оваа седмица се одржува во Стразбур, остварија средба со ново назначениот коизвестител за пост монитoринг дијалогот со нашата земја, г. Ценгер Залан Золтан од Унгарија од Европските народни партии. Тој заедно со г-ѓа Лисе Кристоферсен од Норвешка, од партијата на Социјалистите се надлежни за спроведување на така наречениот пост-мониторинг дијалог на Парламентарното собрание со Република Северна Македонија. 

повеќе...

 

Понеделник, 21 јуни 2021 година

ИНТЕРПАРТИСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА ПРАВАТА НА ЛГБТИ ЛУЃЕТО СЕ ПРИДРУЖУВА НА ВТОРИОТ СКОПЈЕ ПРАЈД

Под мотото „Вон ѕидовите“ на 26 јуни(сабота) 2021година, во Скопје, ќе се одржи втората парада на гордоста (Skopje Pride) во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.  

повеќе...

 

Понеделник, 21 јуни 2021 година

УЧЕСТВО НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЛЕТНАТА СЕСИЈА НА ПС СЕ ВО СТРАЗБУР

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик шеф и Александар Николоски и Арта Биљали Зендели, членови, ќе учествуват на летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе се одржи во Стразбур, Франција од 21 до 24 јуни 2021 година. Според агендата на сесијата, пратениците ќе расправаат за заштитата на основните права и правните импликации на Ковид пасошите или сертификатите, како и социо-економската криза предизвикана од пандемијата и нејзиното влијание врз правата на децата.

повеќе...

 

Четврток, 20 мај 2021

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 24 МАЈ-ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ"

Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Дарко Каевски и Велика Серафимовска-Стојкова, по повод одбележување на 24 Мај- Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј", на 24 мај 2021 година (понеделник), во 09:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе пред споменикот на „Св.Кирил и Методиј" на платото на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј"- Скопје.

повеќе...

 

Среда, 27 јанаури 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВО ШПАНИЈА

Николоски на средбата информираше за улогата, целите и надлежностите на Националниот совет за евроинтеграции, принципот на консензуално одлучување и инклузивниот карактер на телото, кое дава можност за расправа на преставници не само на законодавната и извршната власт туку и на општествениот сектор, МАНУ, ЗНМ, ЗЕЛС, стопанските комори, религиските заедници. Николоски изрази благодарност за поддршката која Шпанија ја дава за европската интеграција, како на политичко така и на експертско ниво. 

повеќе...

 

Петок, 15 јануари 2021 

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА СЛОВЕНИЈА

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Милан Предан.

Николоски го запозна амбасадорот со надлежностите и составот на Националниот совет за евроинтеграции, со улогата која ја има Советот во процесот на пристапување кон ЕУ, консензуалното одлучување во телото, како и со активностите на Советот во периодот кој следи. Претседателот на Советот изрази оптимизам за плодна соработка во иднина и пренесување на искуствата кои Словенија ги има во процесот на пристапни преговори.

повеќе...

 

Петок, 15 јануари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ХРВАТСКА 

Николоски информираше за конституирањето на Националниот совет за евроинтеграции, за надлежностите и составот на телото, неговата улога во процесот на пристапните преговори, како и за принципот на донесување на одлуки со консензус. Претседателот на Советот изрази задоволство од континуираните добри односи со Хрватска, која како земја членка на ЕУ и близок пријател на Македонија, дава поддршка и придонесува за позитивна афирмација на државата на нејзиниот евроинтегративен пат. 

повеќе...

 

Вторник, 5 јануари 2021

ПОРТУГАЛИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ

Со стартот на новата година, Португалија го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската Унија.

повеќе...

 

Петок, 18 декември 2020

„САХАРОВ“ ЗА ДЕМОКРАТСКАТА ОПОЗИЦИЈА ВО БЕЛОРУСИЈА

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ја додели наградата „ Сахаров“ за слобода на мислење за 2020 година на Демократската опозиција во Белорусија.

повеќе...

 

Петок, 27 март 2020 година

НАШАТА ЗЕМЈА 30-ТА ЧЛЕНКА НА НАТО

Денеска нашата земја стана 30-та членка на НАТО, откако го депонираше својот инструмент за пристапување кон Северноатлантскиот договор пред Министерството за надворешни работи на САД во Вашингтон.

повеќе...

 
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.