Собраниско раководство



                  


Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк (17.02.2009)

Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија во постојан подем

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска оствари средба со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк. На средбата, и двете страни, билатералната соработка ја оценија како односи на две пријателски држави, без отворени прашања, која ги опфаќаат сите сфери, и која е во постојан подем.

Претседателот на Собранието на Републука Македонија, г. Трајко Вељаноски изразувајќи благодарност за принципиелната поддршка што Словенија и ја дава на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели - интеграција во евроатлантските структури, истакна дека  Република Македонија продолжува во остварувањето на оваа стратешка определба. Бидејќи сме пред престојните претседателски и локални избори наша задача е тие да ги спроведеме во фер и демократска атмосфера.

Уверен сум дека така и ќе биде бидејќи и како политичари, и како граѓани сме убедени дека поправен испит нема и дека во спротивно губиме сите. Исто така продолжуваме со реформите, затоа очекувам по изборите ЕУ да ги укине визите за граѓаните на Република Македонија, а до крајот на годинава да добиеме датум за преговори. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски посебно ја истакана и соработката помеѓу парламентите  на Македонија и Словенија.

 Во врска со спорот со нашиот јужен сосед, кој гледано од принцип на меѓународното право е апсурден, претседателот Трајко Вељаноски истакна дека Република Македонија ќе продолжи со преговорите кои се водат во Обединетите нации. Ние сме подготвени за компромис, но тој компромис има граница, а тоа е нашиот национален идентитет, истакна Вељаноски.

Словенечкиот претседател, г. Данило Тирк  истакна дека Словенија и понатаму ќе ја поддржува Македонија на патот кон полноправно членство во НАТО и во ЕУ. Потестувајќи дека Република Македонија ги исполни условите за членство во НАТО, претседателот Данило Тирк истакна дека таа поддршка доаѓа не само затоа што имаме пријателски односи, туку дека тоа е во интерес на регионот, но и на евроатлантските структури.

Зборувајќи за визната либерализација, г. Данило Тирк истакна дека Македонија ги исполнува условите за укинување на визите. Словенија и понатаму моќно ќе се зазема за укинување на визниот режим бидејќи слободниот проток на луѓе е дел од општите човекови права, и дека е во интерес на државите.

Во врска со спорот со името словенечкиот претседател Данило Турк истакна дека тој спор се влече долго, но дека го охрабрува ставот на Република Македониај за дијалог и компромис кој не смее да задира во националниот иднтитет. Словенечкиот претседател Данило Тирк посебно ја истакна парламентарната соработка како една понова и ефикасна форма во меѓународните односи и изрази задоволство што меѓу парламентите на Македонија и Словенија таа соработка е на високо  ниво и продолжува да се развива.

Click