Собраниско раководство



Четврток, 05.03.2009

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот г. Трајко Вељаноски, а во која се и пратениците Цветко Грозданов, Роза топузова Каревска , Соња Мираковска во официјална посета на Република Бугарија

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и членовите на нашата делегација од страна на претседатеот на Народното собрание на Република Бугарија, г. Георги Пирински беа дочекани со највисоки државни почести. Претседателот Трајко Вељаноски придружуван од својот домаќин, господин Пирински, положи венец на споменикот на Незнајниот војник. 

Во текот на официјалните разговори претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски уште еднаш ја истакна поддршката што Република Бугарија ни ја дава во остварувањето на нашите евроатлантски интеграции како и високо развиените односи меѓу двете држави, а во тие рамки и на двата парламента. Наша задача е сега овие односи да ги надоградуваме и да наоѓаме нови форми кои ќе бидат, пред се, за доброто на двете држави и на граѓаните. Во тие рамки посебно значајни се две димензии. Првата е онаа секојдневна на граѓаните на двете држави која сега, на еден начин, е ограничена со визниот режим. Македонија ги исполни сите законски и технички услови, а ве уверувам дека ќе имаме и демократски избори на крајот од месецов и затоа очекуваме многу брзо ЕУ да го укине визниот режим за македонските граѓани, истакна претседателот Трајко Вељаноски. Вториот аспект е регионалната соработка, посебно на економско поле бидејќи тоа е за добробит на сите кои живееме во регионот, но е и своевиден европски стандард. Во тие рамки посебно внимание треба да се посвети на реализацијата на Коридор 8 кој сообраќајно, енергетски и телекомуникациски го поврзува Црноморскиот и Јадранскиот регион, односно Албанија, Македонија и Бугарија.  Ова е и начин како сега, кога се среќаваме со глобалната економско криза од една страна, да ги поттикнеме националните економији но и да дадеме јак сигнал како не смееме сега да се зачауриме во националните граници и да дадеме простор на протекционизмот, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

Претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, г. Героги Пирински на самиот почеток истакна дека тој лично многу високо ја цени посетата на претседателот Трајко Вељаноски и делгацијата на Собранието на Република Македонија. Се сложувам со вашата констатација дека односите меѓу нас се добри на сите нивоа и институции, и дека сега на нас е тие односи да ги развиваме. Исто така, како соседи и ние ги чувствуваме проблемите кои ги создава визниот режим, истакна Пирински. Токму затоа Бугарија, а и јас лично и понатаму ќе се заземаме за целосна либерализација бидејќи Македонија ги исполни сите услови. Исто така, во целост ги поддржувам вашите ставови околу регионалната соработка и мораме навистина да се ангажираме како кај нашите Влади, така и во европските институции да започне реализацијата на Коридорот 8. На средбата беа разменети и мислења за престојните избори за Европскиот парламент за идното институционално уредување на ЕУ, а во тие рамки претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, господин Пирински уште еднаш истакна дека Република Македонија и понатаму во целот ќе ја поддржува Македонија за нејзино полноправно членство во ЕУ и во НАТО.

Нашата делегација денеска оствари средби и со претседателот и членовите на Комисијата за европски прашања, како и со Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент.

Click