Собраниско раководство



Четврток,26.02.2009, Скопје

Конференција на претседателите на парламентите на  држави членки на Европска унија во Париз

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски попладнево замина во Париз каде што ќе учествува на Конференцијата на претседателите на парламентите на државите членки на Европската унија и државите кандидати.На конфернцијата ,на која ќе се расправа на повеќе теми претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе учествува на панелот "Улога на парламентите во решавање со кризи ".

Во текот на дводневната конференција во Париз претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги претседатели на парламенти на државите членки на ЕУ,а ќе има средба и со Робер Бадентер сенатор во Францускиот сенат.

 

 

 

Click