Собраниско раководство



Вторник, 27 јануари 2009

Oд средбата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со г-ѓа Каролајн Флинт, министер за Европа на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, на 27 јануари - денеска, ја прими госпоѓа Каролајн Флинт министер за Европа на Обединетот Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

На средбата изразувајќи благодарност за досегашната поддршка што Велика Британија ни ја дава во остварувањето на нашите евроатлантски интеграции претседателот Трајко Вељаноски посебно ја истакна реализацијата на  тригодишниот проект на Вестминистерската фондација и Собранието на Република Македонија посветена на јакнењето на капацитеот на парламентарните политички партии, комисии и другите собраниски тела и служби. Иста така, тој се осврна и на Акциониот план на Собранието на Република Македонија за реализација на препораките од Извештајот на Европската комисија кои се однесуваат на политичките критериуми. Претседателот Трајко Вељаноски се осврна на престојните претседателски и локални избори и истакна дека граѓаните, политичките партии, како и државните институции имаат демократски капацитет, но и политичка волја изборите да поминат според законите и европските стандарди.
Министерката за Европа на Обединетото Кралство, госпоѓа Каролајн Флинт на средбата уште еднаш ја потврди принципиелната поддршка која Велика Британија ја дава на Република Македонија во остварувањето на евроатлантските определби. Истакнувајќи ги позитивните чекори во јакнењето на парламентаризмот и политичкиот дијалог таа изрази уверување дека тие процеси ќе продолжат. Во исто време уште еднаш потсети дека Велика Британија, но и Брисел очекуваат фер и демократски избори, за што Република Македонија има капацитет да го направи, а со тоа да го продолжи својот процес кон целосно интегрирање во евроатлантските интеграции на кои им припаѓа како дел од европското семејство.

Click