Собраниско раководство



19 декември 2008

Официјална посета на Делегација на Големото национално собрание на Република Турција

Делегација  на Големота национално собрание на Република Турција предводена од претседателот господин Ќоксал Топтан од 21 до 23 декември ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Посетата, која е на покана на  претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски е во рамките на високоразвиените односи меѓу двата парламента и редовните средби на највисоко ниво, уште еднаш ги потврдува развиените пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Турција.

Во недела (21 декември) претседатлот на Големото национално собрание на Турција Ќоксал Топтан ќе учествува на одбележувањето на државниот празник на Република Турција 21 Декември - Ден на настава на турски јазик, што ќе се одржи во салата "Борис Трајковски".

Официјалните разговори започнуваат во понеделник (22 декември) кога претседателите на двата парламента господин - Трајко Вељаноски и господин Ќоксал Топтан ќе остварат средба. Исто така, претседателот на Големото национално собрание Ќоксал Топтан ќе обрати пред пратенците на Собранието на Република Македонија.

Се предвидува двајцата претседатели, г. Трајко Вељаноски и г. Ќоксал Топтан да дадат изјава за медиумите. 

Исто така, високиот гостин ќе биде примен од претседателот на Република Македонија, г. Бранко Црвенковски, а ќе има средба и со претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски.

Во вторник (23 декември), претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, г. Ќоксал Топтан и членовите на делегацијата ќе ги посетат Битола, Ресен, Струга и Охрид од каде што делегацијата со посебен лет ќе замине од државата.

Click