Собраниско раководство



Понеделник, 9 февруари 2009 година, 12 часот, Сала 3

Прес-конференција на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран новиот систем на таканаречениот е- парламент, како и новата веб-страница на Собранието на Република Македонија.
Станува збор за проект со кој Собранието на Република Македонија, како прво во регионот го воведува системот на подготовки и водење на електронски седници.

Со ова продолжуваат да се имплементираат современите информатички технологии, а со тоа и вклучувањето во современите процеси на глобализацијата кои се неминовни за сите.
Прес-конференцијата ќе се одржи на 9 февруари 2009 година  (понеделник) во 12 часот, во Сала 3 (прес-центарот).

Click